БИСТРИЦА , ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

БИСТРИЦА“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Синсинати, Охајо, САД, 1928) – организација на Македонците од Леринско, Преспанско и Битолско. Организацијата отворила училиште, активни биле и Младинската и Женската секција, а формирана била и Драмска секција што давала претстави, меѓу кои и „Македонска крвава свадба“. Сл. Н.-К.