АТАНАСИЈ Ⅰ архиепископ на Охридската архиепископија

АТАНАСИЈ Ⅰ – архиепископ на Охридската архиепископија (втора половина на ⅩⅤⅠ – почеток на ⅩⅤⅠⅠ в.). По доаѓањето на архиепископскиот престол се активирал за ослободување од власта на на Османлиската Држава со помош од западноевропските владетели. Во почетокот на 1596 г. воспоставил врска со Венеција која не покажала интерес. Истата година отпатувал во Неапол, кај шпанскиот вицекрал за да ја придобие шпанија за планираното ослободително востание. Со добиена мала помош архиепископот во август во Химара, приморска област под негова црковна власт, кренал востание, но изостанало очекуваното воено ангажирање на шпанија. Есента 1897 г. отпатувал во Рим. Ватикан ја условил поддршката со прифаќање унија. Архиепископот Атанасиј бил во Австрија (1598 и почетокот на 1599) од која добил само финансиска помош. Во почетокот на 1600 г. се вратил во Македонија, во Охрид. Отпатувал во Русија ( 1604) да бара поддршка за ослободување на православните во неговата црква. Русија не покажала интерес. Повторно се свртел кон Западна Европа (1613, 1614 и 1615) за да ја придобие шпанија. Европските големи држави останале незаинтересирани. ЛИТ.: М. Миноски, Ослободителни движења и востанија во Македонија (1564-1615), Скопје, 1972; Никола Милев, Охридският патриярх Атанасий и скитанията му в чужбин (1597-1615), „Известия на историческото дружество”, В, София, 1922. М. Мин.