АЛЕКСАНДАР Ⅰ

АЛЕКСАНДАР Ⅰ (шАле´џандроз А´ À Филе´ллхноз Алеџандрос И Пхилхелленос / 498 г. пр.н.е. – 454 г. пр.н.е.) – македонски крал од династијата Аргеади; постар син на Аминта И; владее во Долна Македонија од Олимп сћ до р. Струма (Стрѕмон) и во еден дел од Горна Македонија (Линкестида, Орестида, Елимеја); подоцна наречен „Филхелен” („Љубител на Хелените”). Територијата на Македонија во ова време е под контрола на персиската војска. Учествува со војска во Грчко-персиската војна на страна на Персијците. Ксерксовиот војсководец Мардониј го испраќа во Атина со порака Атињаните да влезат во сојуз со Персија. Пред битката кај Платаја (479), „Александар Македонецот” (според Херодот) тајно излегува од логорот на персиската војска за да им го пренесе на Атињаните планот на Мардониј. Поради наклоноста и пријателските односи со Атина, прогласен е за „Проксен” и „Евергет” („Добротвор” и „Пријател”) на Атина, а по Грчкоперсиската војна му е поставена златна статуа во Делфи. Економски ја зајакнува државата, спроведува воени реформи, започнува монетоковење (позната е октодрахмата на која, наместо круна како кралска инсигнија, носи бела лента врзана за тилот, или монетата со негов лик со дијадема). Пронајдени се бројни монети на р. Тигар, кои се потврда за трговските врски со Персија. Поетот Пиндар му посветува епиникиј додека е гостин во кралскиот дворец. ЛИТ.: Херодотус: И–ИВ, 4 Волс., Лоеб Цлассицал Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1961; Херо-дот, Историја. Прев. Д. Чадиковска, Скопје, 1998; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Историја на македонскиот народ 1, Скопје, 2000. А. шук.