АВДОВИЌ, Алија

АВДОВИЌ, Алија (с. Синѓелиќ, Скопско, 1912 – логор Бањица, септември 1941) – комунистички деец. Завршил основно училиште во родното село и медреса во Скопје, каде што се вклучил во прогресивното младинско движење. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје и припадник на прогресивното студентско движење, бил прогонуван од српската полиција, а во една партиска провала бил уапсен (кон крајот на 1934) и осуден како комунист според Законот за заштита на

Прочитај »

АВТОНОМИЯ

АВТОНОМИЯ (Софија, 10. Ⅴ 1898 – 23. Ⅹ 1899 и 7. Ⅻ 1901 – 30. Ⅲ 1902) – македонски весник. Во поднасловот првин се декларирал како орган на политичките интереси на христијанското население во Турција (бр. 1-5), потоа како независен орган на македонските интереси (бр. 6-19), како орган на политичките интереси на македонското население во Турција (бр. 20-24) и пак како првиот поднаслов. Првиот број бил печатен во печатницата на

Прочитај »

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА (Ла Мацéдоине аутономе)” (Белград, 12. Х – 14. Ⅻ 1905) – неделен неофицијален орган на Македонскиот клуб во Белград. Поднасловно мото: „Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците” (Гледстон). Главен уредник Григорие Хаџиташковиќ (од Воден), сопственик и одговорен уредник Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (од Гевгелија), а меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов и Е. Спространов. Весникот излегува на српски јазик (со уводниците и на француски), со програмска

Прочитај »

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЯ

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЯ (Софија, 1. Ⅻ 1920 – 26. Ⅰ 1923) – весник, орган на македонската емиграција во Бугарија, а од број 53 (15. Ⅻ 1921) орган на Македонската федеративна емиграција во Бугарија. Излегувал еднаш неделно, на бугарски јазик. Првиот број бил печатен во печатницата на в. „Право”, во тираж од 2.500 примероци, а подоцна во други три печатници. Уредници биле Иван Снегаров и Владислав (Славчо) Ковачев. Објавени се вкупно 97

Прочитај »

АГРЕСИЈА ВРЗ РМ во 2001

АГРЕСИЈА ВРЗ РМ во 2001 година- ( 2001 – примена на вооружена сила преку упатување вооружени банди, групи, нерегуларни или изнајмени војници од Косово како дел од РС (по 1999 г. под протекторат на ООН), против суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ, забранета со Повелбата на ООН. Овој факт е констатиран во Резолуцијата 1345 (21. Ⅲ 2001) на Советот за безбедност на ООН со формулацијата „извршители на насилството во РМ

Прочитај »

АЗБУКА

АЗБУКА – Графемскиот изглед на македонското кирилично писмо А, а Б, б В, в Г, г Д, д Ѓ, ѓ Е, е Ж, ж З, з Ѕ, ѕ И, и Ј, ј К, к Л, л Љ, љ М, м Н, н Њ, њ О, о П, п Р, р С, с Т, т ќ, ќ У, у Ф, ф Х, х Ц, ц Ч, ч Ⅹ, џ ш, ш

Прочитај »

ВАТАШКИ МАСАКР

ВАТАШКИ МАСАКР (16. Ⅵ 1943) – стрелање на дванаесет ваташки младинци од бугарската фашистичка војска и полиција. Поради формирањето (Вишешница, 14. Ⅴ 1943) и дејноста на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”, во Кавадарци и с. Ваташа пристигнал бугарскиот областен директор Димитар Раев и ја презел Јунската непријателска офанзива (7-16. Ⅵ 1943), која, по над 60 стрелани селани, завршила со злосторството врз ваташките младинци во месноста Моклиште, кои тој ден требало

Прочитај »

ВЕЗЕНКОВ, Стојан

ВЕЗЕНКОВ, Стојан (Крушево, 1828 – Одеса, Русија, 19. Ⅰ 1897) – познат мајстор-градежник, еден од првите дејци за организирање македонско-албанска соработка за ослободување од турското господство и активен учесник во антитурските војни на Балканот. Како заможен градежен претприемач (устабашија), 25 години е на високо платена турска државна служба и изведува клучни градежни објекти во Битола (ја гради и воената касарна во градот) и добива султанови признанија и привилегии. По порачка

Прочитај »

ВИНОЖИТО

ВИНОЖИТО (Лерин, 8. IX 1995) – македонска политичка партија во Егејскиот дел на Македонија, учесник на парламентарните избори во Грција (на последните парламентарни избори добила 7.800 приврзаници). Партијата развива активна национална, политичка и културна дејност. Во Лерин организирала отворање на „Македонска куќа”. Со другите македонски организации ги публикува билингвалните списанија: „Моглена”, „Зора”, „Нова зора” и сп. „Лоза”, со прилози за историското и културното минато на македонскиот народ. Се бори за

Прочитај »

ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РМ

ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РМ – севкупност на институциите за образование на стручни кадри на вишите и високите школи, факултетите и академиите. Во Македонија високото образование се остварува во рамките на 4 универзитети – Скопје, Битола и Тетово (два), една воена академија (Скопје) и два теолошки факултета (православен и муслимански во Скопје). Организирано е на две нивоа: додипломски студии, кои траат од 3 до 6 години (6–12 семестри) и завршуваат со

Прочитај »

ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов

ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов (Банско, 1759 – ?, ок. 1815) иконописец и зограф, основоположник на Банската живописна школа. Со зографско образование се стекнал во Виена (ок. 1770). По враќањето бил наречен Молера според герм. Малер (живописец). Бил под влијание на Дебарската иконописна школа. Работел во Банско, во црквата „Покров Богородичен“ при испосницата „Св. Лука“ кај Рилскиот манастир (1811, 24 сцени), во Курилскиот манастир (1812–1913), Довленско, Разлошко и ќустендил. Го негувал реализмот

Прочитај »

ВЛАДА НА ДФМ/НРМ/СРМ/ РМ

ВЛАДА НА ДФМ/НРМ/СРМ/ РМ – највисок орган на извршната васт и извршен орган на Собранието на РМ. Првата влада на ДФМ била избрана на Третото заседание на АСНОМ (14-16. Ⅲ. 1945) од страна на Народното собрание на Македонија, кое на тоа заседание се трансформирало од АСНОМ во НС. Во првиот состав неа ја сочинувале: Лазар Колишевски, претседател; Љупчо Арсов, прв потпретседател и министер за финансии; Абдураим Мехмед, втор потпретседател; Киро

Прочитај »

ВОДНО, Маркови Кули

ВОДНО, Маркови Кули – рановизантиски кастрон подигнат на ридот Маркови Кули, крајниот источен изданок на планината Водно. Подоцна во средниот век тврдината била обновена и позната од изворите како средновековен град Чрнче, од каде што потекнува името на денешната населба Црниче, во неговото север-но подножје. Најстарата фаза претставува доцноантичка тврдина од првата половина на Ⅳ в. од н.е. од којашто останала само една полукружна кула и бронзени монети. Втората фаза

Прочитај »

ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЈСКАТА НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЈСКАТА НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА – македонскиот крал Филип Ⅱ (359– 336 г. пр.н.е.) ги продолжува и ги усовршува воените реформи од претходните македонски владетели (посебно од Архелај, крај на Ⅴ в. пр.н.е.) за создавање на професионална народна војска, обучена и дисциплинирана. Ја создава прочуената македонска фаланга од тешко вооружена пешадија (πε− Воен распоред на Македонската фаланга ζετα‹рои) со долги копја – македонски сариси (за време на

Прочитај »

ГАЈДАРКА

ГАЈДАРКА (гајдурка, гајденица, сурла, клепарка, вражаљка, вигурка) – еден од најважните делови на гајдата: дрвена мелодиска цевка со мал додаток на долниот крај од рожена коска, свиткана о околу 120 С. На предниот дрвен дел од слагарката се издупчени седум мелодиски отвори и еден од задната страна за палецот. Првиот мелодиски отвор, наречен мрморец, и задниот, кои се помали од другите, се издупчени на иста вертикала. Во мрморецот е вовлечено

Прочитај »

ГАРКАТА, Петре Филипович

ГАРКАТА, Петре Филипович (с. Гари, 80-тите на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. – Крушево, 1854) – еден од најистакнатите претставници на мијачката (дебарската) резба, кој потекнува од родот Филиповци од с. Гари во Мала Река. Патот на неговата наобразба и обука во резбарскиот занает се истражува врз основа на семејни преданија и стилска анализа на бројни иконостаси на територијата на Света Гора, Грција, Албанија и Македонија во текот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и раниот ⅩⅠⅩ

Прочитај »

ГЕМИЏИИ

ГЕМИЏИИ -. припадници на анархистичкиот Гемиџиски кружок во Солун. Биле под влијание на руските и ерменските анархисти од крајот на ⅩⅠⅩ в. Кружокот го раководел Јордан Попјорданов-Орцето (1881-1903), а негови членови биле и Милан Арсов (1879-1908), Георги Богданов (1878-1939), Тодор Богданов, Марко Бошнаков (1874-1908), Константин Кирков (1882-1903), Димитар Мечев-Мечето (1870-1903), Алексо Минов, Тодор Органџиев, Владимир Пингов (1883-1903), Илија Попјорданов, Начо Стојанов, Илија Трчков (1884-1903), Гоце Чанев, Унгарката Ана шапец, Павел

Прочитај »

ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо

ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо (Штип, 1966) – писател и политичар. Дипломирал на Филолошкиот факултет (Група за компаративна книжевност) во Скопје. Како основач и лидер на ВМРО-ДПМНЕ (17. Ⅵ 1990 – 25. Ⅴ 2003), беше пратеник во првото плуралистичко Собрание на РМ (1990–1994) и пот-Љупчо Георгиевски претседател на претседателот на РМ Киро Глигоров (1. Ⅱ – 22. Ⅹ 1991). Поради политички разминувања со претседателот, поднесе оставка на функцијата, а ВМРОДПМНЕ премина во опозиција

Прочитај »