АБАЏИЕВ, Ѓорѓи

АБАЏИЕВ, Ѓорѓи (Дојран, 7. Ⅹ 1910 – Скопје, 2. Ⅷ 1963) – раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист. Од петтата година на животот емигрант во Софија. Средно образование завршува во Горна Џумаја (Благоевград). Студира на Правниот факултет во Софија, каде што зема активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Член е на Македонскиот литературен кружок (1938–1942) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров” (1946–1947). Неговите први уметнички

Прочитај »

АБРАШЕВИЌ – МАшКИ ХОР, БИТОЛА

АБРАШЕВИЌ – МАшКИ ХОР, БИТОЛА (1933–1940) – основан во Битола (1933) од Здружените работнички синдикати на Кралството Југославија. Неговата цел била здружување на работничката класа за борба против тогашниот капиталистички режим. Прв диригент на овој хор била Калипсо Налча, дипломиран пијанист на Музичката академија во Атина. Во почетокот хорот броел 30 пена хористите се зголемил до 120, кога негов диригент станал Велко Петровски-Паскали. Репертоарот му бил составен од тогаш популарните

Прочитај »

АБРАШЕВИЌ , Коста

АБРАШЕВИЌ , Коста (Охрид, 20. Ⅴ / 11. Ⅵ 1879 – шабац, 20. Ⅰ 1898) –„прв пролетерски „АБРАШЕВИЌ” А „Абрашевиќ”, машки хор (Битола, 1933), со диригентот Калипсо Налча поет” во Србија, борец за „работното човештво”. Завршува Ⅲ одделение грчко училиште во Охрид, а по одењето на семејството на печалба во шабац, Србија (1888) го продолжува образованието во српското училиште. Поради тешко заболување, воⅤклас го напушта училиштето. Го моли Министерството за

Прочитај »

АБРАШЕВИЌ МАшКИ ХОР, БИТОЛА

АБРАШЕВИЌ – МАшКИ ХОР, БИТОЛА (1933–1940) – основан во Битола (1933) од Здружените работнички синдикати на Кралството Југославија. Неговата цел била здружување на работничката класа за борба против тогашниот капиталистички режим. Прв диригент на овој хор била Калипсо Налча, дипломиран пијанист на Музичката академија во Атина. Во почетокот хорот броел 30 пена хористите се зголемил до 120, кога негов диригент станал Велко Петровски-Паскали. Репертоарот му бил составен од тогаш популарните

Прочитај »

АВТОНОМИЯ

АВТОНОМИЯ (Софија, 10. Ⅴ 1898 – 23. Ⅹ 1899 и 7. Ⅻ 1901 – 30. Ⅲ 1902) – македонски весник. Во поднасловот првин се декларирал како орган на политичките интереси на христијанското население во Турција (бр. 1-5), потоа како независен орган на македонските интереси (бр. 6-19), како орган на политичките интереси на македонското население во Турција (бр. 20-24) и пак како првиот поднаслов. Првиот број бил печатен во печатницата на

Прочитај »

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА (Ла Мацéдоине аутономе)” (Белград, 12. Х – 14. Ⅻ 1905) – неделен неофицијален орган на Македонскиот клуб во Белград. Поднасловно мото: „Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците” (Гледстон). Главен уредник Григорие Хаџиташковиќ (од Воден), сопственик и одговорен уредник Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (од Гевгелија), а меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов и Е. Спространов. Весникот излегува на српски јазик (со уводниците и на француски), со програмска

Прочитај »

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЯ

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЯ (Софија, 1. Ⅻ 1920 – 26. Ⅰ 1923) – весник, орган на македонската емиграција во Бугарија, а од број 53 (15. Ⅻ 1921) орган на Македонската федеративна емиграција во Бугарија. Излегувал еднаш неделно, на бугарски јазик. Првиот број бил печатен во печатницата на в. „Право”, во тираж од 2.500 примероци, а подоцна во други три печатници. Уредници биле Иван Снегаров и Владислав (Славчо) Ковачев. Објавени се вкупно 97

Прочитај »

АГАТАНГЕЛ, митрополит

АГАТАНГЕЛ, митрополит (Атанас Станковски) (Скопје, 11. Ⅲ 1955) – архиереј на Македонската православна црква. Пред да прими монаштво бил свештеник на парохиска должност. Завршил Македонска православна богословија (1975/76) и дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје (1995), ракоположен за ѓакон на 7. И, на 9. Ⅰ 1979 г. за свештеник, а за протоереј бил произведен во 1988 г. Парохиски свештеник бил во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи” во Чаир, а во Австралија

Прочитај »

АГРЕСИЈА ВРЗ РМ во 2001

АГРЕСИЈА ВРЗ РМ во 2001 година- ( 2001 – примена на вооружена сила преку упатување вооружени банди, групи, нерегуларни или изнајмени војници од Косово како дел од РС (по 1999 г. под протекторат на ООН), против суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ, забранета со Повелбата на ООН. Овој факт е констатиран во Резолуцијата 1345 (21. Ⅲ 2001) на Советот за безбедност на ООН со формулацијата „извршители на насилството во РМ

Прочитај »

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ. – Државната територија на ДФМ по Втората светска војна беше поделена на народни одбори, околии и општини, како облици на локална управа и самоуправа. Со Општиот закон за народните одбори од 1946 г. овие одбори беа определени како локални органи на државната власт на своето подрачје. Со овој закон беа воведени три степени на локалните органи на народната власт: месни, околиски и окружни народни одбори. Околијата

Прочитај »

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА на Пиринскиот дел на Македонија

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА на Пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија (1912 –). Овој дел на Македонија станал округ на Царството Бугарија (окт. 1912 – 20. Ⅱ 1920), именуван како Струмички округ, со административен центар градот Струмица. Административно бил поделен на околии, со околиски центри: Горна Џумаја (Благоевград), Мехомија (Разлог), Петрич, Неврокоп (Гоце Делчев) и Мелник. Со одлука на Версајската мировна конференција Струмица со дел од нејзината дотогашна околија $

Прочитај »

АЗБУКА

АЗБУКА – Графемскиот изглед на македонското кирилично писмо А, а Б, б В, в Г, г Д, д Ѓ, ѓ Е, е Ж, ж З, з Ѕ, ѕ И, и Ј, ј К, к Л, л Љ, љ М, м Н, н Њ, њ О, о П, п Р, р С, с Т, т ќ, ќ У, у Ф, ф Х, х Ц, ц Ч, ч Ⅹ, џ ш, ш

Прочитај »

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949)

БИТКАТА НА КАЈМАКЧАЛАН (1949) меѓу единиците на ДАГ и грчката владина војска. На 4 јули 1949 г. владината војска започнала офанзива против единиците на ДАГ на планината Кајмакчалан. На 8 јули единиците на ДАГ биле поразени и принудени на повлекување. ЛИТ.: д-р Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949, Скопје, 1985. Ст. Кис.

Прочитај »

БЛАГОЕВ, Спиридон

БЛАГОЕВ, Спиридон (с. Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, РГр, 7. Ⅱ 1926 – Скопје, 2009) – правник и историчар. Завршил шестгодишно училиште во родното село на грчки јазик (1938), а подоцна се вработил во државно претпријатие (1940). По германската окупација на Грција (1941) станал активист на ОКНЕ и на ЕПОН, а потоа и член на Секретаријатот на селската младинска организација ЕПОН (почетокот на 1942) и член на КПГ (мај

Прочитај »

БЛАГОЕВГРАД

БЛАГОЕВГРАД (порано: Горна Џумаја) – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија: 71.343 ж. (1992). Се наоѓа во Благоевградската Котлина, во подножјето на југозападните разграноци на планината Рила, од двете страни на р. Благоевградска Бистрица, на надморска височина од 400 м. Низ градот поминува меѓународниот пат Е–79 и железничка пруга кои на север го поврзуваат со Софија и на југ преку преминот Кула со Солун. На запад преку преминот

Прочитај »

БОГОЕВСКИ, Мите

БОГОЕВСКИ, Мите (Димитар) Пандев (с. Болно, Ресенско, 31. Ⅹ 1919 – с. Болно, 12. IX 1942) – поет и револуционер, народен херој. Основно училиште завршил во родното село, прогимназија во Ресен (1935) и Трговска академија во Битола (1935-1937). Како поет Мите Богоевски се пројавил уште во прогимназијата во Ресен со песните: „Осамотен патник”, „Покрај река”, „Мало коњче”, „Несреќен Илија” и „Два врапци”. Пред малата матура, познат како „Момчето од Болно”,

Прочитај »

БОРБАТА НА НОЖОТ

БОРБАТА НА НОЖОТ (1/14 Ⅶ 1907) – борба на пл. Бабуна помеѓу 54 македонски востаници и османлиска војска од 3.000 војници. Врвот Ножот бил опкружен од османлиските сили вечерта на 13 јули. Утрото четниците биле повикани да се предадат. По нивното одбивање, започнала жестока борба до попладневните часови. Кога им привршила муницијата, одлучиле сите заедно да се саможртвуваат. Девет востаници веќе загинале, а останатите пушките ги искршиле, бомбите, муницијата и

Прочитај »

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко (с. Голем Радобил, Прилепско, 12. Ⅵ 1918 – с. Сливник, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – столар, комунистички деец и легендарен првоборец. Како член на СКОЈ (1935), учествувал и во работничкото движење во Белград (1937). Во времето на Илинденските демонстрации (1940) одржал два забележителни говора. Како член на КПЈ (1941), бил член на МК на КПЈ во Прилеп, политички комесар на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев”, член и инструктор

Прочитај »

БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел

БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел (Х. Н. Браилсфорд) (Мирфилд, ВБ, 25. Ⅻ 1873 – Лондон, 23. Ⅲ 1958) – Насловната страница од делото на Хенри Ноел Брејлсфорд виден британски лабуристички новинар, публицист, писател, унив. професор и експерт за Балканот. По завршувањето на високото образование во Глазгов, извесно време предава на Колеџот на Кралицата Маргарита во Глазгов, но ја напушта универзитетската кариера и станува новинар и политички коментатор. Како доброволец во Филхеленската легија

Прочитај »

БРОНЗЕНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

БРОНЗЕНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – период што го опфаќа главно Ⅱ милениум пр.н.е. Се јавува како своевидна етнокултурна стабилизација по најмладите индоевропски продори на овој дел од Балканот, коишто предизвикале продолжено траење на претходниот период на бакарното време (енеолит) до последните векови на Ⅲ милениум пр. н.е. Раното бронзено време го опфаќа крајот на Ⅲ и првите векови на Ⅱ милениум пр.н.е. Остварува културни и хронолошки релации со културата од

Прочитај »

БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Од формирањето на бугарската држава во Ⅶ в. до почетокот на XI в. кога делови од Бугарија му припаѓаат на Самуиловото Царство, бугарските владетели се обидуваат да освојат делови од Македонија. Поголем дел од бугарските епархии се под јурисдикција на Охридската архиепископија с” до нејзиното укинување (1767). Во 1870 г. се формира Бугарска егзархија со македонски епархии под нејзина јурисдикција преку кои се остварува црковно и

Прочитај »