АБАЏИЕВА – ДИМИТРОВА, Соња

АБАЏИЕВА – ДИМИТРОВА, Соња (Софија, 20. Ⅴ 1941) – историчарка на уметноста, значајна за истражувањето и афирмацијата на македонската ликовна уметност и на меѓународен план. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1965). Била кустос и директор на Музејот на современата уметност, Скопје. Автор е на 15 монографии, на повеќе од 300 изложби (Антологија на македонската ликовна уметност 1984– 1994, Биенале во Венеција, Зрачења) и на книги (Длабоко дишење, 2002; Идеја-тека,

Прочитај »

АБРАШЕВИЌ – МАшКИ ХОР, БИТОЛА

АБРАШЕВИЌ – МАшКИ ХОР, БИТОЛА (1933–1940) – основан во Битола (1933) од Здружените работнички синдикати на Кралството Југославија. Неговата цел била здружување на работничката класа за борба против тогашниот капиталистички режим. Прв диригент на овој хор била Калипсо Налча, дипломиран пијанист на Музичката академија во Атина. Во почетокот хорот броел 30 пена хористите се зголемил до 120, кога негов диригент станал Велко Петровски-Паскали. Репертоарот му бил составен од тогаш популарните

Прочитај »

АБРАШЕВИЌ – РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, КУМАНОВО

АБРАШЕВИЌ – РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, КУМАНОВО (1927– 1940) – првото основачко собрание го одржува на 15. Ⅰ 1928 г., иако идејата за нејзино формирање во Куманово потекнува од 1927 година. Според документацијата, во почеткот постоеле само две секции: Мешан хор и Мал оркестар. Политичката клима во Куманово често го попречувала континуитетот во работата на Абрашевиќ”. За најзначаен период се смета времето кога диригент на хорот станал првоборецот Панче Пешев (1935-1936).

Прочитај »