АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев

АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев (Дине Дирманчов) (с. Пателе, Леринско, втора половина на ⅩⅠⅩ в. – с. П’теле, 2. Ⅵ 1902) – комита на ТМОРО и народен јунак. Како член на ТМОРО од 1896 г., бил во илегалство, а од 1901 г. комита во четата на војводата Марко Лерински (Г. И. Георгиев). При престој во својот дом, бил опколен од османлиската војска и башибозук. Во безизлезната положба, првин ги убил своите најблиски,

Прочитај »

АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван

АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван (Мелник, 1880 – 1905) – драмски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Илуменец, Петричко, каде што Гоце Делчев го вклучил во редовите на ТМОРО (1899) и дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета во Драмско. Загинал во борба со османлиската војска. Оставил сеќавања за револуционерната дејност (1904). ИЗВ.:

Прочитај »

АТАНАСИЈ Ⅰ

АТАНАСИЈ Ⅰ – архиепископ на Охридската архиепископија (втора половина на ⅩⅤⅠ – почеток на ⅩⅤⅠⅠ в.). По доаѓањето на архиепископскиот престол се активирал за ослободување од власта на на Османлиската Држава со помош од западноевропските владетели. Во почетокот на 1596 г. воспоставил врска со Венеција која не покажала интерес. Истата година отпатувал во Неапол, кај шпанскиот вицекрал за да ја придобие шпанија за планираното ослободително востание. Со добиена мала помош

Прочитај »

АФЕРАТА МИС СТОН

АФЕРАТА МИС СТОН (1901– 1902) – афера што настанала со пленувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка Стефанова од четите на ТМОРО (Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов). Пленувањето би-ло извршено на 21. Ⅷ / 3. IX 1901 г. во Пиринскиот дел на Македонија помеѓу Банско и Горна Џумаја кај месноста Потпрена Ска-ла за добивање откуп. Преговорите за исплата на откупот и за

Прочитај »

БЕЛ ТЕРОР

БЕЛ ТЕРОР – државен терор по поделбата на Македонија (1913), кога балканските монархии спроведувале политика на жесток терор против македонското население. Македонското име и македонскиот јазик биле забранети и прогонувани, како и секакво јавно изразување на македонската етничка свест (јазикот, традициите и народните обичаи). Разни терористички организации („Грчко-македонска тупаница”, „Здружение против бугарските бандити”) го тероризирале македонското население да ја прифати денационализацијата и асимилацијата или да емигрира. Во Вардарскиот дел на

Прочитај »

БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел

БРЕЈЛСФОРД, Хенри Ноел (Х. Н. Браилсфорд) (Мирфилд, ВБ, 25. Ⅻ 1873 – Лондон, 23. Ⅲ 1958) – Насловната страница од делото на Хенри Ноел Брејлсфорд виден британски лабуристички новинар, публицист, писател, унив. професор и експерт за Балканот. По завршувањето на високото образование во Глазгов, извесно време предава на Колеџот на Кралицата Маргарита во Глазгов, но ја напушта универзитетската кариера и станува новинар и политички коментатор. Како доброволец во Филхеленската легија

Прочитај »

БУРМАЛИ ЏАМИЈА

БУРМАЛИ ЏАМИЈА (Скопје, 1495) – подигната (врз темелите на некогашна црква) од Мехмедбег Карли-заде на десната страна на р. Вардар, до Камениот мост. Името Бурмали го добила по минарето, кое однадвор било изгравирано со шари во вид на спирала. Покриена со три коритести свода, а тремот бил пресводен со пет кубиња кои се потпирале на шест мермерни столба. Срушена во 1925 г., а на нејзино место бил изграден Офицерскиот дом.

Прочитај »

ВАСКОВ, Панче Николов

ВАСКОВ, Панче Николов (Велес, 10. Ⅵ 1870 – Велес, 1951) – лекар и револуционер. Дипломирал во Цариград во 1896 г. Лекарската практика ја започнал во Костур, каде што и покрај турскиот Панче Васков терор и грчката пропаганда ги поставил темелите на МРО. Кога го откриле, го осудиле на доживотна робија и го испратиле во Мала Азија. Заради заслугите во здравственото поле, во 1900 г. бил амнестиран и вратен во Велес,

Прочитај »