БЕЛАСИЧКА БИТКА

БЕЛАСИЧКА БИТКА (29. Ⅶ 1014) – решавачката битка на цар Самуил со Василиј Ⅱ. За да го соп-ре катагодишното пробивање на византискиот император Василиј Ⅱ, царот Самуил поставува преграда кај Клучката Клисура. Како тактички маневар, за да го принуди императорот да ја раздвои војската, го испраќа Несторица со војска кај Солун, но не успеал. Во почетокот Василиј Ⅱ безуспешно се обидувал да ја пробие препреката и кога бил готов да

Прочитај »

БИТОЛСКИ НАТПИС

БИТОЛСКИ НАТПИС – значаен македонски епиграфски споменик од 1015–1016, откриен при рушењето на битолската Чауш-џамија (1956) и се чува во Битолскиот музеј. Натписот е издлабен врз правоаголна мермерна плоча и содржи вкупно дванаесет реда. Дел од текстот е оштетен, бидејќи плочата долго време била користена како праг при влезот на џамијата. Натписот е испишан по повод градењето на битолската тврдина од страна на царот Иван Владислав. Како епиграфски споменик претставува

Прочитај »

БИТОЛСКИ ТРИОД

БИТОЛСКИ ТРИОД – македонски ракопис од Ⅻ в. Го пронашол Јордан Иванов во 1907 г. во Бугарското трговско претставништво во Битола, каде што бил доне-сен од околните села во 1898 г. Тој ги дава првите податоци за ракописот, а детален опис подоцна (1969) прави Христо Кодов во својот Опис на ракописите. Пишуван е на пергамент и има 101 лист. Не е целосно зачуван (недостигаат повеќе листови). Не постои поделба на

Прочитај »

БОРИС Ⅰ

БОРИС Ⅰ (? – 907) – бугарски кан и кнез (852–889), последен паган-ски и прв христијански владетел на средновековна Бугарија. Ги продолжил освојувањата на татко му Пресијан, ги приклучил кон Бугарија териториите на Централна и на Западна Македонија, како и делови од Албанија. Го прифатил христијанството како официјална религија во бугарската држава (864/865) и го добил христијанското име Михаил. Го задушил бунтот на болјарите и на син му Владимир, кој

Прочитај »

ВАСИЛИЈ Ⅰ

ВАСИЛИЈ Ⅰ (811 – 29. Ⅷ 886) – византиски цар (867–886), основач на македонската династија. Ја зацврстил позицијата на Византија и го проширил византиското црковно влијание во Бугарија (869/70, победа над римските легати за припадноста на Бугарската црква), кај Словените од западен Балкан и во Киевска Русија. Неговата законодавна дејност е претставена во „Василики” (шест книги), „Прохирон” (прирачник за практична употреба) и „Епанагога”. ЛИТ.: В. СтанковиÊ, Цариградски патријарси и цареви

Прочитај »

ВАСИЛИЈ Ⅱ

ВАСИЛИЈ Ⅱ (957 – 15. Ⅻ 1025) – византиски цар (976–1025), меѓу најзначајните од македонската династија. Воспоставил цврста власт. Со децении војувал против Самуиловото Царство; со Самуил и наследниците трпел порази (Трајанова Порта, 986 г.) и победувал (Сперхеј, 996; Беласица, 1014), на крајот го уништил (1018), а границата на Византија ја воспоставил на реките Дунав и Сава. При воведувањето на византиската власт презел некои решенија од Самуиловиот даночен систем. Охридската

Прочитај »

ВОДНО, Маркови Кули

ВОДНО, Маркови Кули – рановизантиски кастрон подигнат на ридот Маркови Кули, крајниот источен изданок на планината Водно. Подоцна во средниот век тврдината била обновена и позната од изворите како средновековен град Чрнче, од каде што потекнува името на денешната населба Црниче, во неговото север-но подножје. Најстарата фаза претставува доцноантичка тврдина од првата половина на Ⅳ в. од н.е. од којашто останала само една полукружна кула и бронзени монети. Втората фаза

Прочитај »

ВОСТАНИЕ НА ЃОРЃИ ВОЈТЕХ

ВОСТАНИЕ НА ЃОРЃИ ВОЈТЕХ (1072 – 1073) – востание против византиската власт. Го кренале скопските благородници на че-ло со Ѓорѓи Војтех. Востаниците побарале помош од Дукља/Зета, чија владејачка династија била роднински поврзана со македонската династија на царот Самуил. Зетскиот владетел Михаил им испратил на помош триста војници, на чело со синот Константин Бо-дин, кој во Призрен бил прогласен од востаниците за цар. Предводени од Војтех и од Бодин, востаниците кај

Прочитај »

ГАВРИЛ Радомир

ГАВРИЛ Радомир (? – 1015) – син на Самуил и на Агата, македонски цар (1014–1015), совладетел и наследник на Самуил. Во Битола имал свои дворци и главна резиденција. Со силата и со храброста, му бил десна рака на Самуил, особено во војната против Византија. Учествувал во сите поважни битки што ги водел Самуил против Византијците: во битката кај Трајановата врата (986), битката кај Сперхеј (996), Беласичката битка (1014). Двапати (кај

Прочитај »

ГЕОРГИ ГРАМАТИК

ГЕОРГИ ГРАМАТИК . (втората половина на XI – почетокот на Ⅻ в.) – свештеник, граматик и минијатурист. Живеел и творел во манастирот „Св. Врачи Козма и Дамјан“ во Кичевско. Автор е на богато украсениот кирилски ракопис „Битолски триод“, со цели редови од глаголско писмо, поради што се претпоставува дека користел глаголска предлошка. Пишуван е со македонска јазична редакција, а значаен е и од музиколошки аспект. Ракописот е пронајден во Битолско

Прочитај »