ВАТАША

ВАТАША – село во Кавадаречко. Се наоѓа од двете страни на Ваташка Река, непосредно до Кавадарци, на надморска висина од околу 270 м. Како приградска населба на Кавадарци населението му е во постојан пораст. Во 1961 г. во него живееле 1.936 ж. Во 2002 г. тој број се наголемува на 3.502 ж. Од нив 3.224 ж. биле Македонци, 238 ж. Роми, 20 ж. Срби, 13 ж. Турци и 7 ж.

Прочитај »

ВИТОЛИШТЕ

ВИТОЛИШТЕ – централна населба во Мариово. Се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, во западното подножје на планината Козјак, од двете страни на Витолишка Река на надморска висина од околу 800 м. Со Прилеп е поврзана преку современ асфалтен пат. Во минатото В. било големо село населено само со Македонци. Во 1961 г. во него живееле 1.291 ж. Во подоцнежните години селото било зафатено од силна миграција, така што во

Прочитај »

ГАЛИЧНИК

ГАЛИЧНИК – село во Мијачкиот крај. Се наоѓа на западните падини на планината Бистра на надморска висина од околу 1.400 м. Со Маврово е поврзано преку локален асфалтен пат. Во минатото Г. било голема населба и административен центар. Се смета дека е формирано од сточарите доселени од реката Галик во Солунската Котлина, кои доаѓале со стадата овци на летно пасење на Бистра. Првобитната населба би-ла на локалитетот Старо Село. Населението

Прочитај »