АТАНАСИЈ Ⅰ

АТАНАСИЈ Ⅰ – архиепископ на Охридската архиепископија (втора половина на ⅩⅤⅠ – почеток на ⅩⅤⅠⅠ в.). По доаѓањето на архиепископскиот престол се активирал за ослободување од власта на на Османлиската Држава со помош од западноевропските владетели. Во почетокот на 1596 г. воспоставил врска со Венеција која не покажала интерес. Истата година отпатувал во Неапол, кај шпанскиот вицекрал за да ја придобие шпанија за планираното ослободително востание. Со добиена мала помош

Прочитај »

ВАРВАРА, СВ – црква во с. Рајчица

ВАРВАРА, СВ.” – црква во с. Рајчица, во близина на Дебар. Би-ла метох на Бигорскиот манастир. Еднокорабна црква со полуобличест свод, тристрана апсида (од надворешната) и полукружна апсида (од внатрешната страна). Градена од кршен камен и од малтер. При градењето биле употребени и сполии од некој постар култен објект. Зачувани се натписите испишани со старословенски букви, во кои се спомнуваат ктиторите Овчина и В’лкове и годината кога е изградена и

Прочитај »

ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов

ВИШАНОВ-МОЛЕРА, Тома Хаџиикономов (Банско, 1759 – ?, ок. 1815) иконописец и зограф, основоположник на Банската живописна школа. Со зографско образование се стекнал во Виена (ок. 1770). По враќањето бил наречен Молера според герм. Малер (живописец). Бил под влијание на Дебарската иконописна школа. Работел во Банско, во црквата „Покров Богородичен“ при испосницата „Св. Лука“ кај Рилскиот манастир (1811, 24 сцени), во Курилскиот манастир (1812–1913), Довленско, Разлошко и ќустендил. Го негувал реализмот

Прочитај »

ВРАНЕШНИЧКИ АПОСТОЛ

ВРАНЕШНИЧКИ АПОСТОЛ – одломка од кирилички полн апостол од втората пол. на ⅩⅠⅠⅠ в., 26 л., Загреб, библ. на ХАЗУ, сигн. ИИИА48. Наречен според македонското с. Вранештица, Кичевско, од каде што му е испратен на А. Михановиќ. Содржи фрагмент од Делата на св. апостоли (А1:1–17:15 со две лакуни: А14:4–15:13, А15:37 –16:35). Препишан е од архаична предлошка со траги од глаголичката охридска традиција, која наоѓа одраз пред с” во лексиката на

Прочитај »

ГАВРИЛ Ⅰ

ГАВРИЛ Ⅰ – (Јанина, ⅩⅤⅠ в.) – охридски архиепископ (1572–1588; 1592–1593). Учествувал на црковните собори во Цариград на кои биле осудени новиот Грегоријански календар (20. Ⅹ 1582) и патријархот Пахомиј Патест (Ⅱ 1585). Бил еден од првите охридски поглавари што патувале во Европа со политички цели: барал материјална помош, но сакал и да ги поттикне европските држави за војна против османската држава. Престојувал во Русија и во западна Европа. Во

Прочитај »

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ

ГАВРИЛ СВЕТОГОРЕЦ (световно име: Мијалче Парнаџиев) (Штип, 10. Ⅲ 1926 г. – Лесновски манастир, 12. Ⅰ 1990) – завршил гимназија во Штип, Факултет за ликовни уметности во Белград (1955) и Богословски факултет во Скопје. Бил професор по уметност во Штип. Од 1963 г. престојувал на Света Гора Атонска, каде што се здобил со големо аскетско искуство. По враќањето во Македонија престојувал во повеќе манастири. Во декември 1975 г. бил назначен

Прочитај »