АГОВСКИ, Иван Серафимов

АГОВСКИ, Иван Серафимов (Дебар, 24. Ⅵ 1887 – Софија, прва половина на 1925) – револуционер, просветен деец и публицист. Основно училиште завршил во родниот град. Поради членство во социјалистички кружок, бил исклучен од Педагошкото училиште во Скопје (1905). По завршувањето на вишото образование, учителствувал во Кичево и учествувал во тамошниот учителски бунт (1908). Бил активист на Скопската социјалдемократска група (1910-1911). Подоцна се вклучил во комунистичкото движење и станал соработник на

Прочитај »

АНТЕВСКИ-ДРЕН, Васил

АНТЕВСКИ-ДРЕН, Васил (с. Оморани, Велешко, 28. Ⅹ 1904 – Софија, 18. Ⅷ 1942) – активист во Националноослободителното движење. Од 1915 до 1919 г., како малолетник, престојувал во Франција, каде што го завршил основното училиште. Во Велес завршил гимназија, а во Белград Правен факултет. Работел како адвокат во Скопје, Велес и Куманово. Поради својата револуционерна дејност бил осудуван на затворска казна (1937 и 1940). Бил член на КПЈ (од 1941), борец

Прочитај »

БЛАГОЕВ, Спиридон

БЛАГОЕВ, Спиридон (с. Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, РГр, 7. Ⅱ 1926 – Скопје, 2009) – правник и историчар. Завршил шестгодишно училиште во родното село на грчки јазик (1938), а подоцна се вработил во државно претпријатие (1940). По германската окупација на Грција (1941) станал активист на ОКНЕ и на ЕПОН, а потоа и член на Секретаријатот на селската младинска организација ЕПОН (почетокот на 1942) и член на КПГ (мај

Прочитај »

БОГОЕВСКИ, Мите

БОГОЕВСКИ, Мите (Димитар) Пандев (с. Болно, Ресенско, 31. Ⅹ 1919 – с. Болно, 12. IX 1942) – поет и револуционер, народен херој. Основно училиште завршил во родното село, прогимназија во Ресен (1935) и Трговска академија во Битола (1935-1937). Како поет Мите Богоевски се пројавил уште во прогимназијата во Ресен со песните: „Осамотен патник”, „Покрај река”, „Мало коњче”, „Несреќен Илија” и „Два врапци”. Пред малата матура, познат како „Момчето од Болно”,

Прочитај »

БОЦЕВСКИ, Боте

БОЦЕВСКИ, Боте (Боро) (Скопје, 21. Ⅰ 1921 – с. Каталинец, Врањско, Боте Боцевски 3. Ⅳ 1943) – браварски работник, комунистички деец и првоборец. Завршил три класа вечерно занаетчиско училиште. Бил член на СКОЈ (1939), на ПК на СКОЈ за Македонија и на МК на КПЈ во Скопје (1940), организатор на штрајкови на металските работници. По фашистичката окупација бил учесник во диверзантските акции во Скопје, борец на Првиот скопски НОПО (август

Прочитај »

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко (с. Голем Радобил, Прилепско, 12. Ⅵ 1918 – с. Сливник, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – столар, комунистички деец и легендарен првоборец. Како член на СКОЈ (1935), учествувал и во работничкото движење во Белград (1937). Во времето на Илинденските демонстрации (1940) одржал два забележителни говора. Како член на КПЈ (1941), бил член на МК на КПЈ во Прилеп, политички комесар на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев”, член и инструктор

Прочитај »

БОШКОВСКИ, Љубе

БОШКОВСКИ, Љубе (Тетово, 24. Ⅹ 1960) – политичар. Основно и средно образование завршил во Тетово. Дипломирал право на Правниот факултет во Скопје (1986). По дипломирањето пријавил ново живеалиште во Ровињ, РХ (1987–1999). Во РМ се вратил Љубе Бошковски по парламентарните избори (1998), кога станува државен секретар во МВР (31. И– 5. Ⅴ 2001), потоа министер за внатрешни работи на РМ (2001–2002) и пратеник (20022004). Мандатно-имунитетната комисија му го одзема имунитетот

Прочитај »

БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова

БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова (Велес, 27. Ⅰ 1919 – с. Војница, Велешко, 16. Ⅻ 1942) – револуционер, организатор на женското и на синдикалното движење во Велес (1939), член на КПМ (од 1940) и активен учесник во подготовките за оруженото востание (од април 1941). Нејзината куќа била засолниште за голем број илегалци од Македонија и место на првата партиска печатница во Велес. Прогонувана од Бугарите, во 1942 г. заминала во Партизанскиот одред

Прочитај »

ВЕЗЕНКОВ, Стојан

ВЕЗЕНКОВ, Стојан (Крушево, 1828 – Одеса, Русија, 19. Ⅰ 1897) – познат мајстор-градежник, еден од првите дејци за организирање македонско-албанска соработка за ослободување од турското господство и активен учесник во антитурските војни на Балканот. Како заможен градежен претприемач (устабашија), 25 години е на високо платена турска државна служба и изведува клучни градежни објекти во Битола (ја гради и воената касарна во градот) и добива султанови признанија и привилегии. По порачка

Прочитај »

ВЕЛИЧКОВСКИ-ЕРЕБИЦА, Димче Јовчев

ВЕЛИЧКОВСКИ-ЕРЕБИЦА, Димче Јовчев (прекар Барутана) (Куманово, 1907 – с. Малотино, Кумановско, 17. Ⅹ 1941) – столар, комунистички деец и првоборец. Станал член на Синдикалната подружница на дрводелските работници и член на СКОЈ (1924), а потоа и член на МК на СКОЈ во Куманово (1925). Во партиската провала на членовите на КПЈ во Куманово (1929), заедно со други 14 активисти, бил уапсен на отслужување на воениот рок во Крушевац и спроведен

Прочитај »

ВЕСЕЛИНОВ, Коста

ВЕСЕЛИНОВ, Коста (с. Бобшево, Пиринско, 1908 – Ксанти, Тракиско, 19. IX 1942) – македонски културно-национален деец, историчар и публицист. Учи во Горна Џумаја, но поради учество во марксистичкото движење, во Ⅵ клас е исклучен од гимназијата и образованието го продолжува во Пазарџик. Во следната година се враќа во Горна Џумаја и развива поширока национално-политичка дејност. По завршувањето на гимназијата (1929) извесно време работи во Мелник, а потоа се запишува првин

Прочитај »

ВЕСЛИЕВСКИ-ОВЧАРОТ, Наум

ВЕСЛИЕВСКИ-ОВЧАРОТ, Наум (с. Златари, Ресенско, 1921 – с. Јанкоец, Ресенско, 28. 12. 1972) – комунистички деец, легендарен воен командант и потполковник на НОВЈ. Бил член на СКОЈ (1941) и КПЈ (1942) и еден од организаторите на НОАВМ: заменик-командант на НОПО „Даме Груев” (1942), командант на Првиот НО баталјон „Мирче Ацев” (18. Ⅶ 1943), политички комесар на Третата македонска НОУБ (март – 6. Ⅷ 1944), командант на Втората македонска НОУБ (25.

Прочитај »

ВЕСОВ, Љубомир

ВЕСОВ, Љубомир (Велес, 1892 – с. Острилци, Крушевско, 1922) – поет, револуционер. Се школувал во Велес, Солун и Софија. Во текот на ученичките денови пројавувал интерес кон литературата. Студирал правни науки на Софискиот универзитет. Поттик за литературата му давал неговиот близок пријател, Васил Пундев, кој ја има заслугата што ја презентира пред јавноста поетската оставина на Весов, по смртта на авторот. Во бугарската периодика објавувал свои поетски творби и препеви

Прочитај »

ВЛАХОВ, Густав Димитров

ВЛАХОВ, Густав Димитров (Истанбул, 18. IX 1912 – 16. Ⅰ Белград, 1991) – инженер технолог, воен и државно-политички деец, општественик и дипломат. Син на Д. Влахов, го следи животниот и семејниот пат на татко му (Варна, Софија, Приштина, Одеса, Киев, Женева и Софија). Основното училиште го завршува во Варна (1919–1923), средното во Виена (1932), а потоа живее во Париз и станува член на КПФ (1933–1934). Преку Лондон и Ленинград, стигнува

Прочитај »

ВОЛНАРОСКИ-КОЉА, Круме Ицков

ВОЛНАРОСКИ-КОЉА, Круме Ицков (Прилеп, 1909 – Прилеп, 9. Ⅴ 1944) – бакал, комунистички деец и народен херој од НОАВМ. Како симпатизер на КПЈ, активно учествувал во собирањето Црвена помош; станал член на КПЈ (1941) и работел во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп, а како илегалец во прилепските села собирал народна помош и формирал воени комитети и НОО (1942-43). Како секретар на ОК на КПМ (кон крајот на

Прочитај »

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил (Киро) (Прилеп, 22. Ⅱ 1918 – Прилеп, 9. Ⅴ 1944) – комунистички деец и народен херој на НОАВМ. Како младинец учествувал во повеќе демонстрации и штрајкови Кирил Гаврилоски во Прилеп. Како член на КПЈ (1941) активно работел во подготовките на НОАВМ, станал член на МК на КПЈ во Прилеп (од почетокот на 1942), а потоа заминал во партизански одред (кон крајот на 1942). Во тоа меѓувреме шестпати бил

Прочитај »

ГЕОРГИЕВСКИ-ДЕЈАН, Киро

ГЕОРГИЕВСКИ-ДЕЈАН, Киро (Прилеп, 15. Ⅷ 1910 – Скопје, 30. Ⅳ 1986) – инженер-архитект, комунистички деец, првоборец, политичар, државник и резервен потполковник на ЈНА. Завршил Технички факултет во Белград. Како член на КПЈ (1941) дејствувал во НОД во Скопје (19411943), поради што во отсуство бил осуден на смрт. Во НОАВМ бил член на Гш на НОВ и ПОМ (од кон крајот на 1943), избран за: делегат за Второто заседание на АВНОЈ,

Прочитај »