ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ВЕРСАЈСКА МИРОВНА КОНФЕРЕНЦИЈА (Версај, 18. Ⅰ – 28. Ⅵ 1919) – мировна конференција по Првата светска војна. На македонскиот народ не му било признато правото на самоопределување и на државност. Прашањето за Македонија во Државата на Србите, Хрватите и Словенците било разгледувано во Комитетот за новите држави и за заштитата на малцинства при утврдувањето на мировниот договор со Кралстото на Србите, Хрватите и Словенците. Расправа се водела по предлогот на

Прочитај »

ВЛАДА НА ДФМ/НРМ/СРМ/ РМ

ВЛАДА НА ДФМ/НРМ/СРМ/ РМ – највисок орган на извршната васт и извршен орган на Собранието на РМ. Првата влада на ДФМ била избрана на Третото заседание на АСНОМ (14-16. Ⅲ. 1945) од страна на Народното собрание на Македонија, кое на тоа заседание се трансформирало од АСНОМ во НС. Во првиот состав неа ја сочинувале: Лазар Колишевски, претседател; Љупчо Арсов, прв потпретседател и министер за финансии; Абдураим Мехмед, втор потпретседател; Киро

Прочитај »

ГАБЕР, Виктор

ГАБЕР, Виктор (Скопје, 8. Ⅻ 1948) – дипломат од кариера и публицист. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира (1973) и магистрира (1979) на Правниот факултет во Скопје. Работи како втор (1980– 1981), и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (1981–1984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана (1989–1993); потсекретар во МНР на РМ (1993–1996); шеф на дипломатската мисија на РМ во Италија,

Прочитај »

ГЕМИЏИИ

ГЕМИЏИИ -. припадници на анархистичкиот Гемиџиски кружок во Солун. Биле под влијание на руските и ерменските анархисти од крајот на ⅩⅠⅩ в. Кружокот го раководел Јордан Попјорданов-Орцето (1881-1903), а негови членови биле и Милан Арсов (1879-1908), Георги Богданов (1878-1939), Тодор Богданов, Марко Бошнаков (1874-1908), Константин Кирков (1882-1903), Димитар Мечев-Мечето (1870-1903), Алексо Минов, Тодор Органџиев, Владимир Пингов (1883-1903), Илија Попјорданов, Начо Стојанов, Илија Трчков (1884-1903), Гоце Чанев, Унгарката Ана шапец, Павел

Прочитај »

ГЕОРГИЕВСКИ, Љубиша

ГЕОРГИЕВСКИ, Љубиша (Битола, 30. Ⅴ 1937) – режисер, сценарист, драмски автор, есеист, теоретичар, унив. професор по режија и актерска игра (ФДУ), гостинпрофесор на факултетите во Лос Анџелес и во Далас (САД), дипломат (амбасадор во НР Бугарија), политичар (претседателски кандидат); претседател на Собранието на РМ. Дипломирал режија на Академијата за театар, филм и ТВ во Белград. Еден од најзначајните македонски режисери. Режирал 160 театарски претстави во сите републики на поранешна Југославија,

Прочитај »

ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо

ГЕОРГИЕВСКИ, Љупчо (Штип, 1966) – писател и политичар. Дипломирал на Филолошкиот факултет (Група за компаративна книжевност) во Скопје. Како основач и лидер на ВМРО-ДПМНЕ (17. Ⅵ 1990 – 25. Ⅴ 2003), беше пратеник во првото плуралистичко Собрание на РМ (1990–1994) и пот-Љупчо Георгиевски претседател на претседателот на РМ Киро Глигоров (1. Ⅱ – 22. Ⅹ 1991). Поради политички разминувања со претседателот, поднесе оставка на функцијата, а ВМРОДПМНЕ премина во опозиција

Прочитај »