АВРАМОВСКИ, Димитар Пандилов

АВРАМОВСКИ, Димитар Пандилов (с. Тресонче, 1. Ⅲ 1899 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – сликар, еден од најзначајните основоположници на македонската модерна уметност и најеминентен претставник на импресионизмот. Потекнувал од позната зографска фамилија. Дипломирал (1924) на Државната художествена академија во Софија (Бугарија). Од Д. П. Аврамовски, Жетварки, масло на платно (1935) 1927 до 1928 г. престојувал во Париз и Монпелје. До 1945 г. живеел во Бугарија (с. Хајредин), а потоа

Прочитај »

АВРАМОВСКИ, Драгутин Гуте

АВРАМОВСКИ, Драгутин Гуте (Куманово, 11. Ⅲ 1931 – Скопје, 12. IX 1986) – сликар, графичар, сценограф, професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Загреб (1955). Имал ретроспективна изложба во Скопје (Музеј на современата уметност, 2002). Гуте Оставил значаен белег во рамките на енформелот и лирската апстракција во сликарството и графиката (Композиција, 1959; Гот-ска катедрала, 1961; Студија бр. 27, 1962). З. Ал.-Б. Ристо

Прочитај »

АВРАМОВСКИ, Ристо

АВРАМОВСКИ, Ристо (с. Селце, Струшко, 20. Ⅷ 1943 – Скопје, 8. Ⅶ 2007) – композитор. Композиција учел во Скопје (Властимир Николовски) и во Белград (Енрико Јосиф). Еден од најистакнатите македонски композитори во последните три децении. Автор е на над сто дела од сите музички жанрови. Пишувал и филмска музика, музика за театарски претстави како и за радиодрами и телевизиски серии. Се занимавал и со публицистика, објавувајќи стручни текстови и музички

Прочитај »

АВРАМОСКИ, Петар

АВРАМОСКИ, Петар (с. Ташмаруништа, Струшко, 11. Ⅶ 1945) – градежен техничар, историчар, музеолог, поет и публицист. Основно училиште завршил во родното село и во с. Лабуништа (Струшко), а Средно техничко училиште (Градежен отсек) во Струга (1964), по што работел како градежен техничар. Дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (1972). До пензионирањето работел како кустос-историчар во Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински” во Струга (1983-2001). Како кустос подготвил 11 тематски

Прочитај »

АГО, Ариф

АГО, Ариф (Ариф Аго) (Охрид, 1935) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Завршил Филолошки факултет во Белград, докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како професор на ПедагоАриф Аго шката академија „Климент Охридски” во Скопје. Бил главен и одговорен уредник на редакцијата „Бирлик”. Од 1979 г. до пензионирањето е во наставнички звања предавач, виш предавач, вонреден и редовен професор на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот

Прочитај »

АДАМЧЕВСКИ, Мирче

АДАМЧЕВСКИ, Мирче (Скопје, 25. XI 1949) – новинар. Дипломирал на Технолошкиот факултет во Скопје. Најголем дел од работниот век (1979-2004) го минал во „Нова Македонија”. Го уредувал прилогот „Економија и пазар”. Во периодот 1993-1999 г. е дописник од Москва. По враќањето е уредник-коментатор во Надворешнополитичката и Стопанската рубрика. Во последните години на „Нова Македонија” главен и одговорен уредник. Автор е на публикацијата „Македонско-руска соработка” (јануари 2003). Еден од основачите и

Прочитај »

АДАМЧЕСКА, Снежана Миркова

АДАМЧЕСКА, Снежана Миркова (Делчево, 8. Ⅴ 1950) – педагог, универзитетски професор. Дипломирала (1973), магистрирала (1983) и докторирала (1988) на Филозофскиот факултет во Скопје. Научен интерес $ е дидактичко-методичката проблематика, посебно иновативните техники и методи на наставата. Автор е на над 80 стручни и научни трудови и на неколку учебници за основно образование. Била продекан и в.д. декан на Филозофскиот факултет во Скопје и член на Сенатот Снежана Адамческа на Универзитетот

Прочитај »

АНАСТАСОВ, Родољуб

АНАСТАСОВ, Родољуб (Скопје, 25. Ⅱ 1935) – сликар, професор на Факултетот за ликовна уметност, еден од првите претставници на енформелот кај нас. Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград (1962). Поради вербален деликт бил затворен на Голи Оток (1963–1965). Бил член на меѓународната група Јуниј. Самостојно излагал во Скопје, Нови Сад, Белград, Љубљана, Сараево, Загреб, Париз. Негови дела се излагани во многу земји во светот. По фазата на енформелот

Прочитај »

БЛАГОЕВ, Спиридон

БЛАГОЕВ, Спиридон (с. Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, РГр, 7. Ⅱ 1926 – Скопје, 2009) – правник и историчар. Завршил шестгодишно училиште во родното село на грчки јазик (1938), а подоцна се вработил во државно претпријатие (1940). По германската окупација на Грција (1941) станал активист на ОКНЕ и на ЕПОН, а потоа и член на Секретаријатот на селската младинска организација ЕПОН (почетокот на 1942) и член на КПГ (мај

Прочитај »

БОЖИНОВСКИ, Киро

БОЖИНОВСКИ, Киро (Прилеп, 2. XI 1933 – Скопје, 30. Ⅹ 2006) – флејтист. Со музичко образование се здобива во Средното музичко училиште во Скопје и кај Ј. Срејовиќ, во Белград. Долгогодишен прв флејтист на Операта и Балетот на МНТ и прв флејтист на Македонската филхармонија. Како солист настапува на домашниот концертен подиум, во центрите на поранешната СФРЈ и во странство. Б. е еден од најистакнатите македонски инструментални уметници, во чиј

Прочитај »

БОРНМИЛЕР, Јозеф

БОРНМИЛЕР, Јозеф (Борнмüллер, Јосеф Фридерицх Николаус) (1862– 1948) – германски ботаничар, одличен познавач на флората од јужните делови на Балканскиот Полуостров и во Мала Азија. Ав-тор на голем број трудови за флората на Македонија, од кои посебно е значаен „Беитраге зур Флора Мазедониенс, И-Ⅲ” (1925–1928). Опишал околу 30 видови од територијата на Македонија, нови за науката. Некои од нив претставуваат македонски ендемити или субендемити, како што се Центауреа цѕлиндроцепхала, Ц.

Прочитај »

БОЦЕВСКИ, Боте

БОЦЕВСКИ, Боте (Боро) (Скопје, 21. Ⅰ 1921 – с. Каталинец, Врањско, Боте Боцевски 3. Ⅳ 1943) – браварски работник, комунистички деец и првоборец. Завршил три класа вечерно занаетчиско училиште. Бил член на СКОЈ (1939), на ПК на СКОЈ за Македонија и на МК на КПЈ во Скопје (1940), организатор на штрајкови на металските работници. По фашистичката окупација бил учесник во диверзантските акции во Скопје, борец на Првиот скопски НОПО (август

Прочитај »

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко

БОШКОВСКИ-ТАРЦАН, Трајко (с. Голем Радобил, Прилепско, 12. Ⅵ 1918 – с. Сливник, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – столар, комунистички деец и легендарен првоборец. Како член на СКОЈ (1935), учествувал и во работничкото движење во Белград (1937). Во времето на Илинденските демонстрации (1940) одржал два забележителни говора. Како член на КПЈ (1941), бил член на МК на КПЈ во Прилеп, политички комесар на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев”, член и инструктор

Прочитај »

БОШКОВСКИ, Љубе

БОШКОВСКИ, Љубе (Тетово, 24. Ⅹ 1960) – политичар. Основно и средно образование завршил во Тетово. Дипломирал право на Правниот факултет во Скопје (1986). По дипломирањето пријавил ново живеалиште во Ровињ, РХ (1987–1999). Во РМ се вратил Љубе Бошковски по парламентарните избори (1998), кога станува државен секретар во МВР (31. И– 5. Ⅴ 2001), потоа министер за внатрешни работи на РМ (2001–2002) и пратеник (20022004). Мандатно-имунитетната комисија му го одзема имунитетот

Прочитај »

БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова

БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова (Велес, 27. Ⅰ 1919 – с. Војница, Велешко, 16. Ⅻ 1942) – револуционер, организатор на женското и на синдикалното движење во Велес (1939), член на КПМ (од 1940) и активен учесник во подготовките за оруженото востание (од април 1941). Нејзината куќа била засолниште за голем број илегалци од Македонија и место на првата партиска печатница во Велес. Прогонувана од Бугарите, во 1942 г. заминала во Партизанскиот одред

Прочитај »

ВЕЗЕНКОВ, Стојан

ВЕЗЕНКОВ, Стојан (Крушево, 1828 – Одеса, Русија, 19. Ⅰ 1897) – познат мајстор-градежник, еден од првите дејци за организирање македонско-албанска соработка за ослободување од турското господство и активен учесник во антитурските војни на Балканот. Како заможен градежен претприемач (устабашија), 25 години е на високо платена турска државна служба и изведува клучни градежни објекти во Битола (ја гради и воената касарна во градот) и добива султанови признанија и привилегии. По порачка

Прочитај »

ВЕЛИНОВ, Сенко

ВЕЛИНОВ, Сенко (Скопје, 15. Ⅹ 1965) – актер, протагонист на повеќе улоги од антологиско значење. Дипломирал на ФДУ во Скопје (1989). Член на Народно позориште во Суботица, во театарот на Љубиша Ристиќ (1990–1992); на Драмски театар (1992–1999); на Драмата на МНТ (1999–2000); директор на Драмски театар (2001– 2002); од 2002 г. повторно во Драмата на МНТ. Улоги: Арган („Вообразен болен”); Гилдерстен („Розенкранц и Гилдерстен се мрт-Сенко Велинов ви”); Дон Жуан

Прочитај »

ВЕЛИНОВСКА, Мирка

ВЕЛИНОВСКА, Мирка (Скопје, 23. Ⅳ 1952) – новинар. Завршила Филозофски факултет – историја на уметноста, студирала ориенталистика во Белград и класичен англиски јазик во Кембриџ. Од 1980 г. во Културната редакција на МРТВ, а од наредната година во Внатрешно-политичката рубрика на „Вечер”. Во периодот 1990/98 г. се афирмирала како коментатор во неделникот „Пулс”. Еден од основачите на неделникот „Старт” (1999) и на неделниот магазин „Зум”. Независен новинар во водечкиот политички

Прочитај »

ВЕСЕЛИНОВ, Коста

ВЕСЕЛИНОВ, Коста (с. Бобшево, Пиринско, 1908 – Ксанти, Тракиско, 19. IX 1942) – македонски културно-национален деец, историчар и публицист. Учи во Горна Џумаја, но поради учество во марксистичкото движење, во Ⅵ клас е исклучен од гимназијата и образованието го продолжува во Пазарџик. Во следната година се враќа во Горна Џумаја и развива поширока национално-политичка дејност. По завршувањето на гимназијата (1929) извесно време работи во Мелник, а потоа се запишува првин

Прочитај »

ВЕСОВ, Љубомир

ВЕСОВ, Љубомир (Велес, 1892 – с. Острилци, Крушевско, 1922) – поет, револуционер. Се школувал во Велес, Солун и Софија. Во текот на ученичките денови пројавувал интерес кон литературата. Студирал правни науки на Софискиот универзитет. Поттик за литературата му давал неговиот близок пријател, Васил Пундев, кој ја има заслугата што ја презентира пред јавноста поетската оставина на Весов, по смртта на авторот. Во бугарската периодика објавувал свои поетски творби и препеви

Прочитај »

ВЛАХОВ, Густав Димитров

ВЛАХОВ, Густав Димитров (Истанбул, 18. IX 1912 – 16. Ⅰ Белград, 1991) – инженер технолог, воен и државно-политички деец, општественик и дипломат. Син на Д. Влахов, го следи животниот и семејниот пат на татко му (Варна, Софија, Приштина, Одеса, Киев, Женева и Софија). Основното училиште го завршува во Варна (1919–1923), средното во Виена (1932), а потоа живее во Париз и станува член на КПФ (1933–1934). Преку Лондон и Ленинград, стигнува

Прочитај »