АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев

АБДУРАМАНОВ, Дино Кљусев (Дине Дирманчов) (с. Пателе, Леринско, втора половина на ⅩⅠⅩ в. – с. П’теле, 2. Ⅵ 1902) – комита на ТМОРО и народен јунак. Како член на ТМОРО од 1896 г., бил во илегалство, а од 1901 г. комита во четата на војводата Марко Лерински (Г. И. Георгиев). При престој во својот дом, бил опколен од османлиската војска и башибозук. Во безизлезната положба, првин ги убил своите најблиски,

Прочитај »

АВДОВИЌ, Алија

АВДОВИЌ, Алија (с. Синѓелиќ, Скопско, 1912 – логор Бањица, септември 1941) – комунистички деец. Завршил основно училиште во родното село и медреса во Скопје, каде што се вклучил во прогресивното младинско движење. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје и припадник на прогресивното студентско движење, бил прогонуван од српската полиција, а во една партиска провала бил уапсен (кон крајот на 1934) и осуден како комунист според Законот за заштита на

Прочитај »

АДАМ ОД ГОВРЛЕВО

АДАМ ОД ГОВРЛЕВО . – керамичко торзо на маж, археолошки наод од неолитската населба Говрлево, откриен во истражувањата во 2000 г. Единствен пример од неолитската епоха, со моделирање на машка статуета и сосема реален приказ на човечко тело, со прикажување на грбот со ’рбетот и тртната коска, ребрата стомакот, колковите и бедрата, со нагласување на мускулатурата и реално претставување на половиот орган. Фигурата е фрагментирано сочувана (вис. 12 цм). Нејзиниот

Прочитај »

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ. – Државната територија на ДФМ по Втората светска војна беше поделена на народни одбори, околии и општини, како облици на локална управа и самоуправа. Со Општиот закон за народните одбори од 1946 г. овие одбори беа определени како локални органи на државната власт на своето подрачје. Со овој закон беа воведени три степени на локалните органи на народната власт: месни, околиски и окружни народни одбори. Околијата

Прочитај »

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (по 1913). По Втората балканска војна и по силата на Букурешкиот мировен договор (10. Ⅷ 1913) грчката држава ане2 ктирала 34.000 км или 51% од македонската територија. Територијата на Егејска Македонија била поделена на три генерални Административно-територијална поделба на Егејскиот дел на Македонија (по 1913) дирекции: Централна Егејска Македонија со центар во Солун (со окрузите Солунски, Халкидички, Кукушки, Воденски и Берски), Источна Егејска

Прочитај »

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА. Во времето кога постоела македонската држава (Ⅶ-Ⅱ в. пр. н.е.) античките автори разликувале главно Горна и Долна Македонија. Долна Македонија (Пиерија, Ботиаја, Еордаја, Алмопија, Мигдонија, Крестонија, Бисалтија и др.) ги опфаќала јужните, претежно рамничарски предели, со престолнина првин во Ајга, а подоцна во Пела. Горна Македонија опфаќала претежно планински предели (Орестида, Линкестида, Пајонија, Пелагонија, Дасаретија и др.) и во голем дел се совпаѓала со

Прочитај »

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА на Пиринскиот дел на Македонија

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА на Пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија (1912 –). Овој дел на Македонија станал округ на Царството Бугарија (окт. 1912 – 20. Ⅱ 1920), именуван како Струмички округ, со административен центар градот Струмица. Административно бил поделен на околии, со околиски центри: Горна Џумаја (Благоевград), Мехомија (Разлог), Петрич, Неврокоп (Гоце Делчев) и Мелник. Со одлука на Версајската мировна конференција Струмица со дел од нејзината дотогашна околија $

Прочитај »

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА на Пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА на Пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија (1912 –). Овој дел на Македонија станал округ на Царството Бугарија (окт. 1912 – 20. Ⅱ 1920), именуван како Струмички округ, со административен центар градот Струмица. Административно бил поделен на околии, со околиски центри: Горна Џумаја (Благоевград), Мехомија (Разлог), Петрич, Неврокоп (Гоце Делчев) и Мелник. Со одлука на Версајската мировна конференција Струмица со дел од нејзината дотогашна околија $

Прочитај »

АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван

АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван (Мелник, 1880 – 1905) – драмски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Илуменец, Петричко, каде што Гоце Делчев го вклучил во редовите на ТМОРО (1899) и дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета во Драмско. Загинал во борба со османлиската војска. Оставил сеќавања за револуционерната дејност (1904). ИЗВ.:

Прочитај »

АНТИГОН Ⅱ Гонат

АНТИГОН Ⅱ Гонат (277–239 пр.н.е.) – основач на династијата Антигониди, кои владеат од 277 до 168 г. пр.н.е. Син на Деметриј Ⅰ Полиоркет и на Фила, ќерка на Антипатар. Го презема македонАнтигон Ⅱ Гонат, монета, аверс/реверс скиот престол по победата над Келтите кај Лисимахеја. Добар војсководец и вешт дипломат; војува со Пир, кој во тоа време го владее Епир; ја проширува македонската власт до Коринт. Ја поведува Хремонидската војна (261–255)

Прочитај »

АРСОВ, Славејко

АРСОВ, Славејко (Штип, 17. Ⅷ 1878 – с. Гуганци, Кратовско, 9. Ⅶ 1905) – ресенски војвода. Се школувал во градовите Штип, Скопје и во Софија. Член е на ТМОРО од 1896 г. Бил училиштен инспектор во Кичевско (1899). Затворен е од властите (Ⅹ 1900). На крајот од 1901 г. дејствувал во четата на војводата Марко Лерински. Од Ⅱ 1902 г. станал војвода на чета со која се движел во Битолско

Прочитај »

АТАНАСИЈ Ⅰ

АТАНАСИЈ Ⅰ – архиепископ на Охридската архиепископија (втора половина на ⅩⅤⅠ – почеток на ⅩⅤⅠⅠ в.). По доаѓањето на архиепископскиот престол се активирал за ослободување од власта на на Османлиската Држава со помош од западноевропските владетели. Во почетокот на 1596 г. воспоставил врска со Венеција која не покажала интерес. Истата година отпатувал во Неапол, кај шпанскиот вицекрал за да ја придобие шпанија за планираното ослободително востание. Со добиена мала помош

Прочитај »

АФЕРАТА МИС СТОН

АФЕРАТА МИС СТОН (1901– 1902) – афера што настанала со пленувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка Стефанова од четите на ТМОРО (Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов). Пленувањето би-ло извршено на 21. Ⅷ / 3. IX 1901 г. во Пиринскиот дел на Македонија помеѓу Банско и Горна Џумаја кај месноста Потпрена Ска-ла за добивање откуп. Преговорите за исплата на откупот и за

Прочитај »

БЕЛ ТЕРОР

БЕЛ ТЕРОР – државен терор по поделбата на Македонија (1913), кога балканските монархии спроведувале политика на жесток терор против македонското население. Македонското име и македонскиот јазик биле забранети и прогонувани, како и секакво јавно изразување на македонската етничка свест (јазикот, традициите и народните обичаи). Разни терористички организации („Грчко-македонска тупаница”, „Здружение против бугарските бандити”) го тероризирале македонското население да ја прифати денационализацијата и асимилацијата или да емигрира. Во Вардарскиот дел на

Прочитај »

БЕЛАСИЧКА БИТКА

БЕЛАСИЧКА БИТКА (29. Ⅶ 1014) – решавачката битка на цар Самуил со Василиј Ⅱ. За да го соп-ре катагодишното пробивање на византискиот император Василиј Ⅱ, царот Самуил поставува преграда кај Клучката Клисура. Како тактички маневар, за да го принуди императорот да ја раздвои војската, го испраќа Несторица со војска кај Солун, но не успеал. Во почетокот Василиј Ⅱ безуспешно се обидувал да ја пробие препреката и кога бил готов да

Прочитај »

БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида

БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида (334 г. од ст.е.) – прва битка на Александар Ⅲ Македонски со Персијците. Војската на Персијците и хеленските наемници хоплити од позициите на стрмниот десен брег и возвишенијата околу реката лесно го следат движењето на македонската војска. Александар не го прифаќа советот на војсководецот Парменион да се повлечат за да исчекаат поповолна ситуација и дава наредба да се нападне непријателот. Во жестоката битка Александар е

Прочитај »

БИТКАТА КАЈ ИСОС

БИТКАТА КАЈ ИСОС (333 г. од ст.е.) – битка меѓу македонската војска предводена од Александар Ⅲ Македонски и персиската предводена од перискиот цар Дариј Ⅲ Кодоман. Во теснецот кај р.Пинар генијалниот стратег Александар во од ја постројува војската во нов борбен ред за да оневозможи напад од грб. Македонската војска ја прегазува реката и во жестоката битка Александар напаѓа на борната кола на Дариј, при што бил ранет. По победата

Прочитај »

БИТКАТА КАЈ ПИДНА

БИТКАТА КАЈ ПИДНА (168 г. од ст.е.) – последната битка во Третата македонско-римска војна меѓу македонскиот крал Персеј (171–168 г. од ст.е.) и римскиот војководец Емилиј Павел. По жестока краткотрајна битка (од обете страни војуваат по 40.000), македонската фаланга е разбиена (20.000 загинати, 6.000 заробени). По поразот Персеј се засолнува во Амфипол, подоцна е заробен на о. Самотраки. Заробеното кралско семејство и македонската аристократија се испратени во прогонство, а македонското

Прочитај »

БИТОЛСКИ НАТПИС

БИТОЛСКИ НАТПИС – значаен македонски епиграфски споменик од 1015–1016, откриен при рушењето на битолската Чауш-џамија (1956) и се чува во Битолскиот музеј. Натписот е издлабен врз правоаголна мермерна плоча и содржи вкупно дванаесет реда. Дел од текстот е оштетен, бидејќи плочата долго време била користена како праг при влезот на џамијата. Натписот е испишан по повод градењето на битолската тврдина од страна на царот Иван Владислав. Како епиграфски споменик претставува

Прочитај »

БИТОЛСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД – ПЕЛИСТЕР

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДПЕЛИСТЕР”. (над с. Лавци, Битолско, 22. Ⅳ – Ореовска Планина, кај с. Ореово, Битолско, 3Ⅴ1942). Бил формиран од 19 борци и вршел главно обука на борците. Откако бил лоциран од бугарската војска и полиција (2. В), наредниот ден бил опкружен и наполно разбиен, со 5 загинати борци, а преостанатите успеале да се илегализираат во Битола. ЛИТ.: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; Владо Стрезовски – Ѓорѓи

Прочитај »

БИТОЛСКИ ТРИОД

БИТОЛСКИ ТРИОД – македонски ракопис од Ⅻ в. Го пронашол Јордан Иванов во 1907 г. во Бугарското трговско претставништво во Битола, каде што бил доне-сен од околните села во 1898 г. Тој ги дава првите податоци за ракописот, а детален опис подоцна (1969) прави Христо Кодов во својот Опис на ракописите. Пишуван е на пергамент и има 101 лист. Не е целосно зачуван (недостигаат повеќе листови). Не постои поделба на

Прочитај »