АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван

АНАСТАСОВ-ГРЧЕТО, Иван (Мелник, 1880 – 1905) – драмски војвода на ТМОРО. Бил учител во с. Илуменец, Петричко, каде што Гоце Делчев го вклучил во редовите на ТМОРО (1899) и дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета во Драмско. Загинал во борба со османлиската војска. Оставил сеќавања за револуционерната дејност (1904). ИЗВ.:

Прочитај »

АРСОВ, Славејко

АРСОВ, Славејко (Штип, 17. Ⅷ 1878 – с. Гуганци, Кратовско, 9. Ⅶ 1905) – ресенски војвода. Се школувал во градовите Штип, Скопје и во Софија. Член е на ТМОРО од 1896 г. Бил училиштен инспектор во Кичевско (1899). Затворен е од властите (Ⅹ 1900). На крајот од 1901 г. дејствувал во четата на војводата Марко Лерински. Од Ⅱ 1902 г. станал војвода на чета со која се движел во Битолско

Прочитај »

АФЕРАТА МИС СТОН

АФЕРАТА МИС СТОН (1901– 1902) – афера што настанала со пленувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка Стефанова од четите на ТМОРО (Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов). Пленувањето би-ло извршено на 21. Ⅷ / 3. IX 1901 г. во Пиринскиот дел на Македонија помеѓу Банско и Горна Џумаја кај месноста Потпрена Ска-ла за добивање откуп. Преговорите за исплата на откупот и за

Прочитај »

БОРБАТА КАЈ ГАНДАЧ

БОРБАТА КАЈ ГАНДАЧ (врв на Пајак Планина, 12–13/25–26. IX 1903) – борба на востаничките че-ти на војводите Апостол Петков и Иван Карасулијата со осмалиските воени единици од гарнизоните во Гевгелија и во Гуменџе. На 12/25. IX 1903 востаниците (103 души) ги зазеле стратешките позиции. Османлиските единици (1.200 души) нападнале и се водела жестока битка. На 13/26. IX 1903 г. востаниците со јуриш го пробиле обрачот. Загубите на востаниците биле незначителни,

Прочитај »

БОРБАТА КАЈ ЛОКВАТА И ВИЊАРИ

БОРБАТА КАЈ ЛОКВАТА И ВИЊАРИ . (висови кај с. Д’мбени, Костурско, 31. Ⅴ /13. Ⅵ 1903) – помеѓу костурските чети на ТМОРО и османлиската војска. Ноќта 8/21. спроти 9/22. Ⅴ 1903 г. османлиската војска го нападнала с. Смрдеш при што изгореле 240 куќи (од 300), 85 души биле убиени, а 50 ранети. Војводите Пандо Кљашев и Васил Чакаларов со 70–80 комити на 31. Ⅴ / 13. Ⅵ 1903 г. извршиле

Прочитај »

ВТОРИ АВГУСТ

ВТОРИ АВГУСТ (1903-1944) – државен празник на РМ. На 2 ав-густ 1903 г. започнало сенародното оружено востание, организирано и предводено од Македонската револуционерна организација под девизата „Македонија на Македонците”. Во ослободеното Крушево било објавено создавање Крушевска Република. Македонскиот народ ја демонстрирал својата одлучност да се избори за слобода и за државност. На 2 август 1944 г. се конституира држава – Демократска Македонија. АСНОМ се прогласил за врховно законодавно и извршно

Прочитај »

ГАРВАНОВ, Иван

ГАРВАНОВ, Иван (Стара Загора, Бугарија, 1869 – Софија, 28. XI 1907) – Бугарин по националност, претседател на ЦК на ТМОРО (1901–1903), главен иницијатор за одлуката за востание (1903). Дипломирал физика и математика во Софија (1892). Специјализирал во Виена. Професор во Солунската егзархиска гимназија (1894–1903). Претседател на Бугарското тајно револуционерно братство (1897– 1899). Одржувал врски со Бугарската влада, со Егзархијата и со ВМК. По распуштањето на Братството (IX 1899) кооптиран за

Прочитај »