БИТОЛА

БИТОЛА – град во западниот дел на РМ, со 74.550 ж. (2002). Се наоѓа на преминот од источното подножје на пл. Пелистер и Пелагониската Котлина, од двете страни на р. Драгор. Зафаќа површина од 2.245 ха. Низ градот поминуваат магистралниот пат Охрид–Битола–Прилеп (М-5) и железничката пруга, која од Велес, преку Прилеп и Битола, води за Лерин и Солун во Грција. Битола има умерено-континентална клима со просечна годишна температура од 11,4°С,

Прочитај »

БЛАГОЕВГРАД

БЛАГОЕВГРАД (порано: Горна Џумаја) – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија: 71.343 ж. (1992). Се наоѓа во Благоевградската Котлина, во подножјето на југозападните разграноци на планината Рила, од двете страни на р. Благоевградска Бистрица, на надморска височина од 400 м. Низ градот поминува меѓународниот пат Е–79 и железничка пруга кои на север го поврзуваат со Софија и на југ преку преминот Кула со Солун. На запад преку преминот

Прочитај »

ВИНИЦА

ВИНИЦА – град во Источна Македонија со 10.863 ж. (2002). Лежи на контактот помеѓу котлинската рамнина на Кочанската Котлина од север и северните падини на планината Плачковица од југ. Преку В. поминува регионалниот пат КочаниБерово. Градот зафаќа вкупна површина од 335 ха. В. има континентално-субмедитеранска клима. Просечната годишна температура на воздухот изнесува 0 12.9 С. Низ В. течат Виничка и Градечка Река, а нивните корита се регулирани. На просторот на

Прочитај »

ГЕВГЕЛИЈА

ГЕВГЕЛИЈА – град во Гевгелиско-валандовската котлина: 15.685 ж. (2002 г.). Се простира од десната страна на р. Вардар и македонско-грчката граница во рамничарскиот дел на истоимената котлина. Непосредно покрај градот од источната страна поминува европскиот пат Е–75. Во ист правец води и железничката линија. Градот лежи на надморска височина од 60 м и зафаќа површина од 705 ха. Има променета средоземноморска клима со просечна годишна температура на воздухот од 14,2оС.

Прочитај »