АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ. – Државната територија на ДФМ по Втората светска војна беше поделена на народни одбори, околии и општини, како облици на локална управа и самоуправа. Со Општиот закон за народните одбори од 1946 г. овие одбори беа определени како локални органи на државната власт на своето подрачје. Со овој закон беа воведени три степени на локалните органи на народната власт: месни, околиски и окружни народни одбори. Околијата

Прочитај »

БАБА

БАБА САЧ – средновисока планина која се издига помеѓу Кичевската Котлина на север и карстното Церско Поле на југ. Со највисокиот врв Голем Сач (1.698 м), кој се наоѓа во средишниот – централен дел, се протега во напореднички правец исток – запад. На запад со превалот Турла (1.099 м), е одвоена од планината Бабен (1.220 м), додека на исток преку плитко седло продолжува во повисоката Бушева Планина (1.780 м). Зафаќа

Прочитај »

БЕЛАСИЦА

БЕЛАСИЦА – планина во крајниот југоисточен дел на Република Македонија. Се издига помеѓу Струмичката и Петричката Котлина на север, Дојранската, Бутковската и Валандовската Котлина на југ и малата котлина – ровот Костурино на запад, а на исток доБеласичката битка на Самуила со Василиј Ⅱ (1014) лината на реката Струма. Најголемата височина изнесува 2.029 м. Има напореднички правец на протегање и помеѓу предните релјефни целини е ограничена со раседи и се

Прочитај »

БИТОЛА

БИТОЛА – град во западниот дел на РМ, со 74.550 ж. (2002). Се наоѓа на преминот од источното подножје на пл. Пелистер и Пелагониската Котлина, од двете страни на р. Драгор. Зафаќа површина од 2.245 ха. Низ градот поминуваат магистралниот пат Охрид–Битола–Прилеп (М-5) и железничката пруга, која од Велес, преку Прилеп и Битола, води за Лерин и Солун во Грција. Битола има умерено-континентална клима со просечна годишна температура од 11,4°С,

Прочитај »

БЛАГОЕВГРАД

БЛАГОЕВГРАД (порано: Горна Џумаја) – град во Пиринскиот дел на Македонија, Република Бугарија: 71.343 ж. (1992). Се наоѓа во Благоевградската Котлина, во подножјето на југозападните разграноци на планината Рила, од двете страни на р. Благоевградска Бистрица, на надморска височина од 400 м. Низ градот поминува меѓународниот пат Е–79 и железничка пруга кои на север го поврзуваат со Софија и на југ преку преминот Кула со Солун. На запад преку преминот

Прочитај »

ВАРДАР

ВАРДАР – најголемата река во Македонија. Извира под Шар Планина, во југозападниот дел на Полошката Котлина, во близина на селото Вруток, југозападно од градот Гостивар, на височина од 683 м, а во Егејското Море се слива во Солунскиот Залив, западно од градот Солун. Во минатото поради засипување на заливот била извршена регулација на коритото на р. Вардар при вливот, така што нејзиниот тек е поместен кон запад. Вкупната должина на

Прочитај »

ВЕГЕТАЦИСКА КАРТА

ВЕГЕТАЦИСКА КАРТА – цртеж на растителни асоцијации или поголеми и помали синтаксономски единици изработен во размер. Секоја карта се одликува со две суштествени карактеристики – содржина и размер. Според содржината, се разликуваат тотални и парцијални вегетациски карти. Почнувајќи од 1963 до 1992 г. во Македонија се изработуваше тотална вегетациска карта во размер 1:200.000. Во таа карта беа внесувани фитоценози на шуми, пасишта, блатни терени, тресетишта и на други типови вегетација.

Прочитај »

ВИНИЦА

ВИНИЦА – град во Источна Македонија со 10.863 ж. (2002). Лежи на контактот помеѓу котлинската рамнина на Кочанската Котлина од север и северните падини на планината Плачковица од југ. Преку В. поминува регионалниот пат КочаниБерово. Градот зафаќа вкупна површина од 335 ха. В. има континентално-субмедитеранска клима. Просечната годишна температура на воздухот изнесува 0 12.9 С. Низ В. течат Виничка и Градечка Река, а нивните корита се регулирани. На просторот на

Прочитај »

ВОДНО

ВОДНО – средновисока планина што се протега во средишниот дел на Скопската Котлина. Се протега во напореднички правец запад – исток, а највисок врв е Крстовар (1.066 м), на кој се наоѓа и планинарски дом. Водно ја дели Скопската Котлина на два дела. На север од Водно е Скопско Поле или вистинската Скопска Котлина, а на југ се протега басенот на Маркова Река. За време на неогенот егзистирало Скопското Езеро

Прочитај »

ВУЛКАНСКИ КАРПИ

ВУЛКАНСКИ КАРПИ – магматски карпи кои имаат порфирска структура, а текстуртите им се обично масивни или пак флуидални. Во оваа група се издвојувуваат карпите: риолити, трахити, андезити, латити, кварцлатити, базалти и пикрити. На подрачјето на Република Македонија вулкански карпи се појавуваат во раз-Вулканска карпа од Кратово лични геолошки формации и тоа како постари така и помлади. Постарите вулкански карпи обично се нарекуваат палеотипни вулкански карпи, а помладите кенотипни вулкански карпи.

Прочитај »

ГАЛИЧИЦА

ГАЛИЧИЦА – висока планина сместена во крајниот југозападен дел на РМ која во форма на типичен хорст се издига помеѓу Охридската Котлина на запад и Преспанската на исток. На север продолжува во планините Петри-но и Исток, а со превалот Буково (1.207 м) морфолошки е одвоена од Плакенска Планина. Има меридијански правец на протегање со должина од 50 км, најмалата широчина е помеѓу с. Трпејца и с. Планината Галичица Лескоец (10

Прочитај »

ГЕВГЕЛИЈА

ГЕВГЕЛИЈА – град во Гевгелиско-валандовската котлина: 15.685 ж. (2002 г.). Се простира од десната страна на р. Вардар и македонско-грчката граница во рамничарскиот дел на истоимената котлина. Непосредно покрај градот од источната страна поминува европскиот пат Е–75. Во ист правец води и железничката линија. Градот лежи на надморска височина од 60 м и зафаќа површина од 705 ха. Има променета средоземноморска клима со просечна годишна температура на воздухот од 14,2оС.

Прочитај »