ВОЛНАРОСКИ-КОЉА, Круме Ицков

ВОЛНАРОСКИ-КОЉА, Круме Ицков (Прилеп, 1909 – Прилеп, 9. Ⅴ 1944) – бакал, комунистички деец и народен херој од НОАВМ. Како симпатизер на КПЈ, активно учествувал во собирањето Црвена помош; станал член на КПЈ (1941) и работел во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп, а како илегалец во прилепските села собирал народна помош и формирал воени комитети и НОО (1942-43). Како секретар на ОК на КПМ (кон крајот на

Прочитај »

ВОСТАНИЕТО ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО 1941

ВОСТАНИЕТО ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО . 1941 Г. – акт на антифашистичкото и националноослободително движење на македонскиот народ. Бидејќи до предвечерјето на Втората светска војна ниедна импортирана граѓанска политичка партија во Кралството Југославија не ја признавала македонската национална индивидуалност, македонскиот народ имал општа недоверба кон нив и истакнатите претставници на Македонското националноослободително движење станале водечки членови и организатори на илегалната КП во Македонија, која имала најповолен однос кон

Прочитај »

ВУКМАНОВИЌ-ТЕМПО, Светозар

ВУКМАНОВИЌ-ТЕМПО, Светозар (с. Подгор, кај Бар, Црна Гора, 14. Ⅷ 1912 – Режевиќи, Црна Гора, 6. Ⅻ 2001) – правник, комунистички деец, генерал-потполковник, југословенски политичар и државник. Како член на КПЈ (1935) и професионален револуционер, подолго време работел на консолидацијата на организациите на КПЈ во Србија и Македонија (1937-1940). На Петтата Земска конференција на КПЈ бил избран за член на ЦК на КПЈ (1940). Бил еден од организаторите на НОАВЈ,

Прочитај »

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил (Киро) (Прилеп, 22. Ⅱ 1918 – Прилеп, 9. Ⅴ 1944) – комунистички деец и народен херој на НОАВМ. Како младинец учествувал во повеќе демонстрации и штрајкови Кирил Гаврилоски во Прилеп. Како член на КПЈ (1941) активно работел во подготовките на НОАВМ, станал член на МК на КПЈ во Прилеп (од почетокот на 1942), а потоа заминал во партизански одред (кон крајот на 1942). Во тоа меѓувреме шестпати бил

Прочитај »

ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи

ГАНЗОВСКИ, Ѓорѓи (с. Стенско, Костурско, 1924 – Скопје, 1986) – универзитетски професор, економист. Основно и средно образование завршил во Костур, Егејскиот дел на Македонија. Член на Комунистичката младинска организација на Грција од 1941 г. Активно учествувал во борбите против окупаторите на земјата. Се борел во редовите на ЕЛАС, во Егејската бригада на ДАГ (1946-1949). Преку Албанија, емигрирал во СССР (Ⅷ 1949). Положил група испити во Академијата на науките на Узбекистан

Прочитај »