АДАМ ОД ГОВРЛЕВО

АДАМ ОД ГОВРЛЕВО . – керамичко торзо на маж, археолошки наод од неолитската населба Говрлево, откриен во истражувањата во 2000 г. Единствен пример од неолитската епоха, со моделирање на машка статуета и сосема реален приказ на човечко тело, со прикажување на грбот со ’рбетот и тртната коска, ребрата стомакот, колковите и бедрата, со нагласување на мускулатурата и реално претставување на половиот орган. Фигурата е фрагментирано сочувана (вис. 12 цм). Нејзиниот

Прочитај »

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИКАТА. Во времето кога постоела македонската држава (Ⅶ-Ⅱ в. пр. н.е.) античките автори разликувале главно Горна и Долна Македонија. Долна Македонија (Пиерија, Ботиаја, Еордаја, Алмопија, Мигдонија, Крестонија, Бисалтија и др.) ги опфаќала јужните, претежно рамничарски предели, со престолнина првин во Ајга, а подоцна во Пела. Горна Македонија опфаќала претежно планински предели (Орестида, Линкестида, Пајонија, Пелагонија, Дасаретија и др.) и во голем дел се совпаѓала со

Прочитај »

АНТИГОН Ⅱ Гонат

АНТИГОН Ⅱ Гонат (277–239 пр.н.е.) – основач на династијата Антигониди, кои владеат од 277 до 168 г. пр.н.е. Син на Деметриј Ⅰ Полиоркет и на Фила, ќерка на Антипатар. Го презема македонАнтигон Ⅱ Гонат, монета, аверс/реверс скиот престол по победата над Келтите кај Лисимахеја. Добар војсководец и вешт дипломат; војува со Пир, кој во тоа време го владее Епир; ја проширува македонската власт до Коринт. Ја поведува Хремонидската војна (261–255)

Прочитај »

БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида

БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида (334 г. од ст.е.) – прва битка на Александар Ⅲ Македонски со Персијците. Војската на Персијците и хеленските наемници хоплити од позициите на стрмниот десен брег и возвишенијата околу реката лесно го следат движењето на македонската војска. Александар не го прифаќа советот на војсководецот Парменион да се повлечат за да исчекаат поповолна ситуација и дава наредба да се нападне непријателот. Во жестоката битка Александар е

Прочитај »

БИТКАТА КАЈ ИСОС

БИТКАТА КАЈ ИСОС (333 г. од ст.е.) – битка меѓу македонската војска предводена од Александар Ⅲ Македонски и персиската предводена од перискиот цар Дариј Ⅲ Кодоман. Во теснецот кај р.Пинар генијалниот стратег Александар во од ја постројува војската во нов борбен ред за да оневозможи напад од грб. Македонската војска ја прегазува реката и во жестоката битка Александар напаѓа на борната кола на Дариј, при што бил ранет. По победата

Прочитај »

БИТКАТА КАЈ ПИДНА

БИТКАТА КАЈ ПИДНА (168 г. од ст.е.) – последната битка во Третата македонско-римска војна меѓу македонскиот крал Персеј (171–168 г. од ст.е.) и римскиот војководец Емилиј Павел. По жестока краткотрајна битка (од обете страни војуваат по 40.000), македонската фаланга е разбиена (20.000 загинати, 6.000 заробени). По поразот Персеј се засолнува во Амфипол, подоцна е заробен на о. Самотраки. Заробеното кралско семејство и македонската аристократија се испратени во прогонство, а македонското

Прочитај »

БРОНЗЕНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

БРОНЗЕНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – период што го опфаќа главно Ⅱ милениум пр.н.е. Се јавува како своевидна етнокултурна стабилизација по најмладите индоевропски продори на овој дел од Балканот, коишто предизвикале продолжено траење на претходниот период на бакарното време (енеолит) до последните векови на Ⅲ милениум пр. н.е. Раното бронзено време го опфаќа крајот на Ⅲ и првите векови на Ⅱ милениум пр.н.е. Остварува културни и хронолошки релации со културата од

Прочитај »

ВАЈТОС

ВАЈТОС (Градиште) – утврдена населба од раноантичко и римско време. На три километри западно од с. Октиси, на планината Јабланица, доминира утврдена населба (680џ80 м) со поглед кон Струшко Поле, од каде што се надгледувала Виа Егнатиа. На северната Утврдената населба Вајтос (Градиште) од раноантичко и римско време страна се зачувани остатоци од бедеми (ширина 20,20 м) градени во сувоѕид опус љуадратум псеудо исодомум, а на западната страна е зачуван

Прочитај »

ВАРДАРИЈА

ВАРДАРИЈА – византиска тема во XI, Ⅻ и ⅩⅠⅠⅠ в. Ги зафаќала териториите во долниот тек на реката Вардар. Се споменува како посебна военоадминистративна единица на чело со управник. Со Договорот склучен меѓу крстоносците и Венецијанците за поделба на Византија (Ⅲ 1204) било предвидено провинцијата (темата) помеѓу себе да ја поделат крстоносците. ЛИТ.: Б. Панов, Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ, Скопје 1971; К. Аџиевски, Поделбата

Прочитај »

ВАРДАРСКИ РИД, ГЕВГЕЛИЈА

ВАРДАРСКИ РИД, ГЕВГЕЛИЈА – повеќеслојна населба со континуиран живот од крајот на бронзеното време и во текот на целиот Ⅰ милениум пр.н.е. Се наоѓа на источната периферија на Гевгелија, на два доминантни рида (Рид 1 и 2) на самиот десен брег на р. Вардар. Систематски се истражува од 1995 до 2007 г., на секторите Акропола, Јужна и Источна Тераса. Во генералната стратиграфија се издвојуваат 15 слое-ви од вкупно 6 различни

Прочитај »

ВЕЛЕГЕЗИТИ

ВЕЛЕГЕЗИТИ – македонско словенско племе (Белегезйтаи, Белегез™таи, Белегез´таи). При доселувањето на Словените во Македонија, В. се населиле во југоисточниот дел на Тесалија, околу градовите Теба и Деметријада (денешниот Волоски Залив). Се спомнуваат како дел од големиот племенски сојуз (614-615) создаден под водство на кнезот Хацон. Во 616 г. неуспешно го нападнале градот Солун заедно со другите македонски словенски племиња. Во Ⅶ в. бил формиран уште еден племенски сојуз на чело

Прочитај »

ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско

ВЕНЕЦ, Миокази, Кичевско – 50 м висок рид во долината низ којашто минувал прастариот пат од Кичевијата кон Пелагонија, преку Брод. Врвот претставува елипсовидно плато (260 х 128 м, 3,5 ха) благо наведнато кон југ. Било обградено со силен малтерен ѕидемплектон (1,8–2 м) и зајакнато со 12 правоаголни кули, секоја на растојание од 15 до 35 м. На јужниот, на западниот и на поголемиот дел од северниот ѕид, на дистанца

Прочитај »

ВЕСПАЗИЈАН, Тит Флавиј

ВЕСПАЗИЈАН, Тит Флавиј (9–79) – римски император (69–79), основач на династијата на Флавиите. За император го прогласила војската од источните провинции. Ја зацврстил централната власт и дисциплината во војската. Ги задушил востанијата во Галија и во Германија, на Понт и во Јудеја. Ги средил финансиите; вовел нови даноци, а некои од старите ги удвоил. Подигнал монументални градби во Рим (Колосеумот, храмот на мирот, храмот на Јупитер Капитолски и др.). ЛИТ.:

Прочитај »

ВИЗАНТИЈА

ВИЗАНТИЈА (Источно Римско Царство, 330 – 1453) – доцноантичка и средновековна држава. Името го добила по стариот град Византион на Босфор, каде во 330 г. Константин Ⅰ Велики ја изградил новата престолнина Константинопол. Го задржала државно уредување на Римското Царство, како негов источен дел, оттаму и името Источно Римско Царство, нејзините жители се нарекувале Ромеи (Римјани), службен јазик во почетокот бил латинскиот, а од Ⅶ в. грчкиот. Ја негувала хеленистичката

Прочитај »

ВИНИЧКО КАЛЕ

ВИНИЧКО КАЛЕ (Виница) – утврдена населба од доцната антика и од средниот век. Се протега на рид над градот на северните падини на Плачковица. Зафаќа површина од 2,5 ха и има доминантна позиција над Кочанското Поле и долината на р. Брегалница. Можеби е некој од античките градови (Армониа или Каленидин) што лежеле на патот Стоби–Сердика (Виа а Стопис усљуе ат Сертицам). Откриен со рекогносцирања (1956 и 1978), кога се откриени

Прочитај »

ВИСОИ

ВИСОИ . (с. Беранци) – некропола под тумули од железното време (И и Ⅱ). Три тумули се откриени во 1954 г. Истражен е најголемиот родовски тумул со 47 гробови цисти од камени плочи, распоредени радијално околу најстариот централен гроб. Околу нив има прстен од камења. Најдени се богати гробни прилози: геометриски скифос, очилеста фибула, спирална белезица, лабрис и меч (во централно поставениот гроб на родоначалникот) и рачно работена Висои во

Прочитај »

ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЈСКАТА НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОЈСКАТА НА АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА – македонскиот крал Филип Ⅱ (359– 336 г. пр.н.е.) ги продолжува и ги усовршува воените реформи од претходните македонски владетели (посебно од Архелај, крај на Ⅴ в. пр.н.е.) за создавање на професионална народна војска, обучена и дисциплинирана. Ја создава прочуената македонска фаланга од тешко вооружена пешадија (πε− Воен распоред на Македонската фаланга ζετα‹рои) со долги копја – македонски сариси (за време на

Прочитај »

ВОСТАНИЕ НА ЃОРЃИ ВОЈТЕХ

ВОСТАНИЕ НА ЃОРЃИ ВОЈТЕХ (1072 – 1073) – востание против византиската власт. Го кренале скопските благородници на че-ло со Ѓорѓи Војтех. Востаниците побарале помош од Дукља/Зета, чија владејачка династија била роднински поврзана со македонската династија на царот Самуил. Зетскиот владетел Михаил им испратил на помош триста војници, на чело со синот Константин Бо-дин, кој во Призрен бил прогласен од востаниците за цар. Предводени од Војтех и од Бодин, востаниците кај

Прочитај »

ВТОРА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА

ВТОРА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА (200–197 г. пр.н.е.) – војна на македонскиот крал Филип Ⅴ (221–179 г.) против Римската Република. Во сојуз со Рим влегуваат: Родос, Пергам, Атина, Илирите, Дарданците и хеленските држави. Сојузените војски ја освојуваат Антипатрија во 200 г. пр.н.е. и се обидуваат да навлезат во Македонија. Во првите години на војната ФилипⅤуспешно се спротивставува на Римјаните и обезбедува цврста позиција на р. Аос. До решавачка битка меѓу македонската и

Прочитај »