ЈЕКИЌ, Милан Никола

ЈЕКИЌ, Милан Никола (с. Манѓелос, Сремска Митровица, Србија, 11. Х 1912 – Скопје, 9. Ⅶ 2004) – универзитетски професор. Основно училиште завршил во Ру-ма, гимназија во Нови Сад, а Земјоделско-шумарски факултет во Земун (1939), каде што е избран за асистент по агрохемија. Од 1941 до 1945 г. бил во логор во Германија. По Ослободувањето (1945–1947) се враќа на старото работно место. Во 1947 г. е избран за наставник по агрохемија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, каде што е пензиониран како редовен професор (1979). Докторирал во Земун на тема Влијанието на макро и микроелементите врз приносите и квалитетот на сеното на високопланинските тревници на Бистра. Хонорарно предавал и на земјоделските факултети во Сараево и Приштина. Објавил 110 научни трудови од областа на агрохемијата, исхраната и физиологијата на растенијата, кои се однесуваат на проблематика од Македонија. Учествувал на голем број меѓународни научни собири. Заслужен е и за силното зголемување на употребата на минералните ѓубриња во Македонија и за првите научни истражувања од таа об-ласт кај нас. Ѓ. Ф.