ЈАКА ЧЕшМА, ТРЕМНИК

ЈАКА ЧЕшМА, ТРЕМНИК (Неготино) – некропола сместена во југоисточната периферија на селото Тремник на 7,5 км југоисточно од Неготино. Тука се наоѓале римски гробови со конструкција на две води од тегули и имбрицеси – откриени на длабочина од 1,5 м, при градење на новата селска црква посветена на Св. Дух и ограда (1950). При копање на современи гробови се откриени и средновековни, со типичен накит од Ⅹ-ⅩⅣ в. (белегзии, прстени, обетки, мониста и др.). ЛИТ.: М. Мандиќ, Прилог кон проучувањето на некрополите од средниот век и раниот турски период во Македонија, во: Зборник посветен на Бошко Бабиќ, Прилеп, 1986, 147–150. Ел. М. Роберт Јаки