ЈАДРАНСКА ПОВЕЛБА

ЈАДРАНСКА ПОВЕЛБА (Тирана, 2. Ⅴ 2003) – стратешки документ склучен меѓу САД, Р Албанија, Р Хрватска и Р Македонија, по иницијатива на претседателот на Република МакедонијаБорис Трајковски, покрената на Самитот на НАТО/ ЕАСП во Прага (23. XI 2002), неНачалниците на генералштабовите на Македонија, на Хрватска и на Албанија формално наречена Охридскојадранска, заради заеднички и координирани активности на потписничките за што побрзо исполнување на критериумите и стандардите на НАТО и за сеопфатно подобрување на ситуацијата во Југоисточна Европа во правец на градење мир, демократија, стабилност и просперитет. Повелбата содржи принципи на партнерство, заедничка цел за потполна евро-атлантска интеграција, демократски реформи и човекови права, економски реформи и соработка и регионална безбедност, во функција на богато јадранско-американско партнерство за ⅩⅪ в. Т. Петр. Јајчарка