ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ

ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје – врвна едукативна, научноистражувачка и развојно-применувачка институција во Република Македонијаво состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Образува кадри (дипломирани инженери, специјалисти, магистри и доктори на науките) од подрачјата на хемиската, прехранбената технологија и биотехнологијата, на екстрактивната и преработувачката металургија, на текстилот и конфекцијата и на хемиското инженерство. Работи од 1959 г., а како самостоен факултет е од 1965 г. Факултетот е во постојан раст и напредување. Партнер е на металургиската, хемиската, текстилната и на другите индустрии во Република Македонијаза кои создава кадри. Има воспоставено меѓународна соработка со високообразовни и истражувачки институции од соседните земји, но и пошироко во светот. Во полувековното постоење дипломирале околу 5.500 студенти, магистрирале над 250 и докторирале стотина. Организиран е во институти и во лаборатории. Досега се применети повеќе организациски шеми. Св. Х. Ј. ТЕХО & Тетовски хорски одзиви (2002)