ТЕНИИ

ТЕНИИ (Цестода)– сплескани паразитски црви. Полово зрели единки се среќаваат во цревата на ’рбетниците, а младите индивидуи живеат во телесната празнина на многу без’рбетници и ’рбетници. Имаат тело со цврста и дебела кутикула и редуциран систем за варење. Групата опфаќа над 3.800 видови. Во Македонија се познати 10 видови. Најпозната е кучешката тенија (Дипѕлидиум цанинум Л.), со должина до 40 цм. Паразитира во кучето. Како посредни домаќини на оваа тенија се јавуваат кучешките болви и вошки, со кои најчесто се инфицираат децата во игра со кучињата. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23–30; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Скопје, 2003. В. Т. К.– М. Кр.