СТРЕЖЕВО

СТРЕЖЕВО – вештачка акумулација во средниот тек на р. шемница, десна притока на Црна Река. Браната е изградена од насипан чакал и од камен, со глинено јадро. Висока е 72 м, со должина на круната од 632 м, и широчина од 10 м. Езерото е долго 6,5 км, а средната широчина при максимално ниво на водата изнесува 1 км. При максимално ниво на водата (кота од 739,5 м), површината на езерото изнесува 7,5 км 2, а во езерото се акумулираат 116.820.000 м 3 вода. Др. В.