РОСТИСЛАВ

РОСТИСЛАВ (Ⅸ в.) – кнез на Велика Моравија (846–870). Ја ослободил Велика Моравија од германската зависност, побарал од Византија мисионери, кои ќе го шират христијанството на словен-ски јазик. Византија ги испратила браќата Кирил и Методиј (863), кои вовеле богослужба на словен-ски јазик. Бил симнат од престо-лот и затворен (870). Александар Ростковски