ПОППАНКОВА, Оливера

ПОППАНКОВА, Оливера (Скопје, 29. Ⅷ 1925) – спикер на Радио Скопје. Од Трговско-индустриската комора на НРМ преминува (1947) во Радио Скопје и како спикер го минува целиот работен век во Македонското радио. Таа беше една од првите и најбележити спикери на Радиото, а од неа учеле повеќе генерации спикери. Ј. Ф. Ристо Поплазаров