ЛОЗАНОВСКИ, Ристо

ЛОЗАНОВСКИ, Ристо (Битола, 3. Ⅳ 1925) – доктор по земјоделски науки, редовен проф. по наставниот предмет општо поледелство со агроекологија, дописен член на МАНУ од 1988, а редовен од 1996 г. Бил продекан и декан на Земјоделскиот факултет во Скопје. Во научноистражувачката активност (објавил повеќе од 150 научни и стручни трудови, значаен дел од нив презентирани на научни собири или објавени во соодветни зборници и периодични научни списанија во земјата и во странство) разработува проблеми од агроекологијата, агротехниката и проблематиката поврзана со проучувањата на плевелите и борбата против плевелите. Меѓу позначајните трудови се: „Плевелна вегетација по ораничните површини во Пелагонија и нејзиното земјоделско значење”; „Дистрибуција и значење на класестите плевели во Европа”; „Еколошки потенцијали за зголемување на производството на храна во субмедитеранското подрачје на Југославија”; „Потенцијални и реални можности за поефикасно користење на енергијата од сончевата радијација во производството во Македонија” и др. Р. Ристо Лозаноски „Лава”, детаљ (1962)