ЛЕОВ, Јордан

ЛЕОВ, Јордан (Велес, 29. Ⅷ 1920 – Скопје, 20. IX 1998) – раскажувач, романсиер, правник. Го завршува Правниот факултет во Белград. Член е на ДПМ од 1952 г. Неговите литературни интересирања датираат од пред Втората светска војна, но со првите свои творби се јавува по војната во списанието „Нов ден”. Вниманието на македонската критичка мисла го свртува со романот-хро-Јордан Леов ника „Побратими” (1956), една ангажирана проза со традиционално-реалистичко и битово-регионално искуство. ДЕЛ: збирки раскази: Посилни од смртта (1952) и Длабока рана (1953); романи: Виор (1957), Глуви мугри (1960), Афион (1963) и Антологија на болката (романизирана биографија за Кочо Рацин, 1968); Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900&1944. Истражувања и материјали, И, Скопје, 1980, 457&504. ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990); Христо Георгиевски, Македонскиот роман 1952-2000 (2002). В. М.-Ч. Монета на крал Леон, аверс/реверс