КУЗМАНОВСКИ, Кузман

КУЗМАНОВСКИ, Кузман (Дебар, 12. Ⅲ 1912 – Скопје, 1. ХИ 2004) – кинодеец. Целокупниот работен век (1930–1983) го минува во киноприкажувачката дејност. Имал значаен придонес во ширењето на филмската култура, преку несебичниот ангажман во оформувањето на киномрежата во Македонија и Скопје, особено по скопскиот земјотрес од 1963 г. (од 4 на 12 кина). Ил. П. Тихомир Кузмановски