КРЛЕЖ, КУЧЕШКИ

КРЛЕЖ, КУЧЕШКИ . (Иџодес рицинус Л.) – мал паразитски инсект. Живее скриен по дрвја, грмушки и треви од каде што доаѓа до телото на животните и на човекот. Усниот апарат е за цицање, помогнат од еден пар силни рилки со кои женката се прицврстува за домаќинот на кој паразитира. Мажјакот не е паразит, живее прицврстен за телото на женката. Ци-цајќи крв женката ја зголемува тежиКучешки крлеж ната и до 200 пати. Јајцата ги полага на земја. Изведените крлежи паразитираат прво на кожа од гуштери, птици и ситни цицачи, а потоа преминуваат на крупните цицачи и на човекот. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр. Мирослав Крлежа