КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев

КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев (Свети Николе, 12. Ⅱ 1914 – Скопје, 6. Ⅶ 2000) – металски работник, комунистички и национален деец, народен херој на Југославија и државник – претседател на првата влада на НРМ, организационен секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Го завршил Военозанаетчиското училиште на Военотехничкиот завод во Крагуевац и се вклучил во комунистичкото работничко движење како член на СКОЈ (1932) и на КПЈ (1935). Бил секретар на партиски-Коледари (Куманово, 5. Ⅰ 2007) Лазар Колишевски (втор од десно) со Президиумот на АСНОМ, Главниот штаб на Македонија и членовите на сојузничките мисии срдечно пречекани од граѓаните на Скопје (ноември 1944) от комитет во Военотехничкиот завод, каде што работел, организационен секретар на Окружниот комитет на КПЈ во Крагуевац и делегат на Петтата земска конференција на КПЈ (Загреб, 1940). Поради политичката активност повеќе пати бил апсен и прогонуван. По одлука на ПК на КПЈ за Србија, заради формирање организација на КПЈ, бил испратен на партиска работа во Смедеревска Паланка (почетокот на 1941). Потоа, по одлука на ЦК на КПЈ, бил испратен за организационен секретар на ПК на КПЈ за Македонија (септември 1941), каде што дошол во отворен судир со ставовите на Методија шаторов-шарло. Како раководител на Покраинскиот воен штаб, бил еден од организаторите на оруженото востание во Македонија, но наскоро бил уапсен од бугарската полиција (почеток на ноември 1941) и бугарскиот Воен преки суд во Ох-рид го осудил на смрт. Подоцна казната му била заменета со доживотна робија, а ја издржувал во Плевен (Бугарија) до капитулацијата на фашистичка Бугарија (8. IX 1944). Иако в затвор, во отсуство бил избран за секретар на новоформираниот ЦК на КПМ (19. Ⅲ 1943 – јули 1963). Во отсуство бил избран и за делегат на Второто заседание на АВНОЈ (1943), за член на Президиумот на АВНОЈ и делегат за Првото заседание на АСНОМ. На Второто вонредно заседание на АСНОМ бил избран за претседател и кооптиран за претседател на Работното тело при Президиумот на АСНОМ. По Ослободувањето бил претседател на првата Влада на НРМ (16. Ⅳ 1946) и претседател на Извршниот совет на НРМ, дател на Народното собрание на НР Македонија, кандидат за член на Политбирото на ЦК на КПЈ, член на Извршниот комитет на ЦК на СКЈ, член на Претседателството на ЦК на СКЈ, член на Главниот и на Сојузниот одбор на Народниот фронт, претседател на Сојузниот одбор на ССРНЈ (1953-1967), претседател на Главниот одбор на ССРНМ, член на Претседателството на Сојузниот одбор на ССРНЈ, член на Централниот одбор на Сојузот на борците од НОВЈ, секретар на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, член на Советот на Федерацијата (1967-1972), член на Претседателството на СКЈ, потпретседател и претседател на Претседателството на СФРЈ по смртта на Ј. Б. Тито (1972-1984), како и на други раководни должности. Сиот работен век бил доследен спроводник на политиката на КПЈ, но водел сметка и за националните интереси на Македонија и македонскиот народ. По негова иницијатива и под негово раководство се формирани низа македонски национални научни и културни институции. Тој бил еден од ретките југословенски револуционери што имал храброст да му се спротистави на некои ставови на Ј. Б. Тито. На седницата на Извршниот комитет на СКЈ (18–19. Ⅱ 1963), меѓу другото, се заложил за „Лениновата дефиниција на рамноправноста на нациите: никаква привилегија ниту за една нација, ниту за еден јазик… Југословен (кога станува збор за јазикот) може да се смета оној што не е обременет со разни предрасуди кон македонската и словенечката нација и јазик, туку настојува да ги запознае културата и јазикот на тие нации. Владеењето на трите јазици, подвлеков: на трите јазици, една е од претпоставките за зацврстување на југословенството, а не обратно: инсистирањето на српскиот јазик како владејачки јазик! Впрочем, кога се работи за рамноправност и на нациите и на нивните јазици, бројот и големината на една нација не може да има никаква улога за поголемата од друга нација или помалку развиена нација.” Почина како пензионер повлечен од јавниот живот. Автор е на историографски, политички и публицистички изданија. Целиот богат личен архив и својата библиотека пред смртта ги предал на Архивот на МАНУ. Носител е на Партизанска споменица 1941, Ор-ден народен херој на Југославија, Орден на народното ослободување, Орден јунак на социјалистичкиот труд и други високи домашни и странски одликувања. член на ЦК на КПЈ/СКЈ, репуб-Лазар Колишевски, во својство на потпретседател на Претседателството на СФРЈ, говори на погребот лички и сојузен пратеник, претсеИЗВ.: Мајските и јунските денови во 1941 година во Македонија, Четириесет години, кн. 5, Скопје, 1962, 127–141; Груб фалсификат. Одговор на Лазар Колишевски по повод писмото на Лигата за демократија и пишувањето на софиска „Дума”, „Нова Македонија”, ЏЛВИ, 15585, Скопје, 15. Ⅵ 1990, 4. БИБ.: 11 октомври 1941 и народното востание во Македонија, „Нов ден”, И, 1, Скопје, 1945, 3–9; Политичко-економското положение. (Реферат). Оддел(ение) за печат и агитација на земс(киот) одбор на Н(ароден) ф(ронт) на Македонија, Скопје, 1946; Говор на Вонредното заседание на АСНОМ, одржано на 14 април 1945 година во Скопје, Говори и статии, Скопје, 1947, 66–77; 11 Октомври 1941 година и народното востание во Македонија, Говори и статии, Скопје, 1947, 47–58; Говор одржан на прославата на 11 октомври 1946, „Нов ден”, ИВ, 5, Скопје, 1948, 3–8; Политички извештај на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Реферат одржан на Ⅰ Конгрес на КПМ, Скопје, 1949; Говор на Лазар Колишевски на свечениот митинг по повод петгодишнината на Народна Република Македонија на 2 август 1949 во Скопје, „Социјалистичка зора”, И, 4, Скопје, 1949, 24–32; За некои актуелни стопански прашања, Скопје, 1949; Историја, стварност, аспирации, Скопје, 1959; Мацедониан Натионал љуестион, Београд, 1959; Општествено-политическое развитие Народној Републики Македонии, Београд, 1959; Социал анд политицал девелопмент ин тхе пеоплес Републиц оф Мацедониа, Београд, 1959; Борбата на македонскиот народ можеше да биде само вооружена борба против сите окупатори и сите хегемонистички посегања. Говор на претседателот на Народното собрание на Македонија Лазар Колишевски на големиот народен собир во Прилеп, „Македонија”, Ⅷ, 103, Скопје, 6–15; Аспекти на македонското прашање, Скопје, 1962, 1979 и 1988; Нашата револуција останува каква што беше – Титова, „Гласник” на ИНИ, ЏЏИВ, 2, Скопје, 1980, 39–43; Значењето на Фуштанското советување, Фуштанско партиско советување, Скопје, 1983; Мајските и јунските дни во 1941 во Македонија, Скопје во ослободителната војна и револуција 1941–1945, том И, кн. прва, Скопје, 1984, 114–127; Тхе Мацедониан таке цхарге оф тхеир оњн фате, „Мацедониан Рењиев”, ⅩⅤ, 2, Скопје, 1985, 169–174; Мајски и јунски дани у Македонији 1941, Македонија од устанка до слободе 1941–1945, Београд, 1987, 131–141; Значај 11 октобра, на истото место, 271–278; Окуплјанје македонског народа на платформи Народног фронта, на ист. м., 579–588; Организационо питанје НОФ у Македонији, на ист. м., 589-604. ЛИТ.: Видое Подгорец, Колишевски Панев Лазар – Митре (1914), Народни херои од Македонија. Скопје, 1973, 187–191; Народни хероји Југославије, кнјига прва А–М, Београд, 1975; Крсте Црвенковски, Лазо ме клеветеше кај Тито, Одговор на Крсте Црвенковски на кажувањата на Колишевски, „Вечер”, Скопје, 4. XI 1989, 24–25; Абдуш Хусеин – ќамуран Тахир, Дали само двајца-тројца Турци, „Вечер”, Скопје, 4. XI 1989, 24; Жарко Рајковиќ, Магле око Лазара Колишевског, Плјуште јавне оптужбе на рачун некадашнјег македонског лидера, „Ас”, Ⅹ, 481, Сарајево, 9. Ⅲ 1990, 1 и 5; Слободан Кљакий, Како је стварана коалиција Бакарийа и Кардеља. Академик Владимир Дедијер о раду на Ⅳ тому „Нових прилога за биографију Јосипа Броза Тита” (21), „Политика”, Београд, 22. Ⅳ 1990, 21; Стеван Зец, Како су граÚене резиденције. Јосип Копинич: шта је скривала шифра „Ваздух” (10), „Политика”, ЛЏЏЏВИИ, 27529, Београд, 29. Ⅴ 1990, 27; Р. С. Ко је Колишев(ски), „Свет”, XI, 213, Београд, 13. Ⅵ 1990, 6; Катарина Гогова, Зошто не беше обесен Лазар Колишевски. Колишевски не го молеше бугарскиот цар, „Нова Македонија”, ЏЛВИ, 15598/9, Скопје, 28 и 29. Ⅵ 1990, 4; Гоце Митевски, Молба до царот постои!, „Вечер”, ЏЏВИИИ, 8369, Скопје, 30. Ⅵ 1990, 22– 23; Војин Лукий, Веровао у Титово поштење, Брионски пленум: зашто је Ранковий морао да падне, „Политика експрес”, ЏЏВИИИ, 9454, Београд, 4. Ⅶ 1990, 16; С. Даутовий и Р. Ùурий, Када је почео стварни распад Југославије, „Политика”, ЛЏЏЏВИИИ, 17932, Београд, 12-28 (и понатаму), Ⅶ 1991; Перо Тиквар, Изјава за периодот 1939-1942 година (6 јуни 1948), „Нова Македонија”, ЏЛВИИ, 16080, Скопје, 29. Ⅹ 1991 (и понатаму), 17; (Лазар) Колишевски, Оценки инкорпорирани во Политичкиот извештај, „Нова Македонија”, ЏЛВИИ, 16080, Скопје, 29. Ⅹ 1991 (и понатаму), 17; Колишевски во аут. Охридското собрание донесе одлука за одземање на титулата почесен граѓанин. „Република”, И, 110, Скопје, 27. Ⅻ 1991, 1; Д. Ч., Лазар Колишевски без титулата почесен граѓанин. Одлука на одборниците на Собранието на Охрид, „Нова Македонија”, ЏЛВИИ, 16140, Скопје, 28. Ⅻ 1991, 4; Драган Кљакиќ, Времето на Колишевски. Редактор и превод од српски Мирко Миронски, Скопје, 1994. С. Мл. – Св. ш. Остатоци од храмот Аполон Етеуданос (Громобиец) вградени во црквата „Св. Богородица”, во с. Дабница, Прилепско