КЛИНЧЕ, Атила

КЛИНЧЕ, Атила (Гостивар, 30. Ⅹ 1958) – актер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1982), каде што е примен за асистент по техника на говорот; актер во Турскиот театар и негов директор (2002–2006). УЛО.: Мемед (во истоименото дело), Цибра во „Тетовирани души”, Енкиду во „Гилгамеш”, Човекот во „Куќа на граница”, Реџеп-ага во „Хурем Султан”, Јакуп во „Елис” и др. Р. Ст. Лилјана Клисарова