КВАРТЕР

КВАРТЕР – најмладо геолошко време што трае и денес (2±0,2 – 0 млн. години). Се дели на плеистоцен и холоцен. Плеистоценски седименти широко се распространети со езерско-барски наслаги од чакали, песоци, мил, прашинести глини, тресет и бигор во Охридската, Преспанската, Дојранската, Скопската, Пелагониската и другите котлини, каде што нивната дебелина достигнува максимум 60–80 м. Плеистоценот се карактеризира со ритмички промени на климата што условувало смена на периоди на заледување (глацијација) на северната полутопка со периоди на затоплување и топење на ледниците. За време глацијацијата Рис-Вирм, терените во Македонија повисоки од 1.200 м биле покриени со леднички маси под чие дејство се создале глацијални и глациофлувиални седименти, кои се зачувани на шар Планина, Кораб, Стогово–Караорман, Јабланица, Пелистер, Јакупица, НиџеКожуф, Герман–Осогово–Руен и др. Холоцен е пост-ледено време што трае последните 10.000 години. Холоценски речни и поројни наслаги од чакали, песоци и суглини се развиени по долините на нашите поголеми реки и во повеќето котлини. ЛИТ.: Н. Думурдзанов, Т. Серафимовски, Ц.Б. Бурцхфиел, Еволутион оф тхе Неогене-Плеистоцене Басинс оф Мацедониа. Геологицал Соц. Оф Америца, ДМЦ 001 1, 2004, п. И-ⅩⅩ. Н. Дум.