КАЧАНОВСКИ, Владимир Василевич

КАЧАНОВСКИ, Владимир Василевич (Великиј Лес, Гродненска губ., Украина, 1. / 13. Ⅲ 1853 – Нежин, Гродненска губ., 11. / 24. Ⅳ 1901) – унив. проф. по словен-ска филологија, писменост и историја, собирач и издавач на бугарски и македонски нар. песни. Го завршил Словенското одделение на Историско-филолошкиот факултет на Варшавскиот универзитет (1876), каде што и магистрирал (1883). Станал приват-доцент на Казанскиот универзитет (1886), а потоа предавал на Историско-филолошкиот институт на кнезот Безборотко во Нежин (1888–1901). Бил на студиски престој во Романија, Грција, Италија, Турција, Франција и Бугарија, но истражувал и во Македонија (1883 и 1895–1896). Главен научен интерес му е историјата, литературата и фолклорот на јужните Словени. Го издавал периодичниот зборник „Вестникъ славянства” (1888–1896), објавил зборник „Памятники болгарскаго народнаго творчества” (И, 1882), а во подготовка му бил и зборникот со македонски народни песни. Го проучувал и „македонското наречје што му е потребно за речникот”. Во дописките од Солун во „Новое время” (1895 и 1896) пишува за македонската национална свест и за самостојниот културно-национален и општественополитички развиток на македонскиот народ. БИБ.: Историко-филологоческия институтъ князя Безбородко въ Нежин‹ 1875–1900, Нежинъ, 1900. ЛИТ.: М. Н. Сперанский, Памяти В. В. Качановскаго, Нежинъ, 1901; И. В. œгичъ, Õнциклопедия славянской филологии, СПб., 1910; Л. Г. Куза, Славяноведение в доревол• ционной России. Биобиблиографический словарй, Москва, 1979, 179–180. Бл. Р. Пелистерска качунка (Цроцус пелистерицус Пулев.) КАЧУНКА, ПЕЛИСТЕРСКА