КАЛАЈЏИЕВ, Христо Константинов

КАЛАЈЏИЕВ, Христо Константинов (Ениџе-Вардарско, 28. Ⅷ 1886 – Софија, 26. Ⅳ 1964) – раководен деец на македонското револуционерно движење и на БКП. Во 1919 г. бил член на БКП задолжен да дејствува меѓу македонската прогресивна емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија. Бил апсен, затворан и интерниран во концентрациони логори. Постоењето на македонската нација го сметал за факт. По Резолуцијата на ИБ (1948) наполно се солидаризира со големодржавната политика на БКП. БИБ.: Реакционни и демократични про®ви в македонското дело, Софи®, 1945. ЛИТ.: БКП, Коминтернът и македонски®т въпрос 1917–1946, И, София, 1998, Ⅱ, София, 1999. О. Ив. Круме Калајџиевски