ИГНОВСКИ-СЕКУЛА, Павле

ИГНОВСКИ-СЕКУЛА, Павле (Крајници, Велешко, 2. XI 1921 – Скопје, 18. Ⅻ 2002) – учесник во работничкото и комунистичкото движење и во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941. Во текот на 1942 и 1943 бил борец на партизанските одреди „Пере Тошев”, „Димитар Влахов”, „Добри Даскалов”, на баталјонот „Страшо Пинџур” и на Вториот баталјон на Третата ОЗ, а во 1944 г. и борец на Ⅱ, В, Ⅶ и IX бригада, каде што заземал функции од командир на чета до командант на бригада. По војната е пратеник во Собранието на СРМ во повеќе мандати. ЛИТ.: Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.