ИВАНОВСКИ, Ѓорѓи

ИВАНОВСКИ, Ѓорѓи (Скопје, 29. Ⅵ 1945) – физичар, ред. проф. (1987) на ПМФ. Дипломирал (1969) на Факултетот за физика во Харков, Украина, и одбранил кандидатска дисертација на Московскиот државен универзитет од областа на електроакустичните појави во металите (1973). Докторирал (1976) на ПМФ во Скопје со теза за појавите поврзани со електрон-фононската интеракција во нормални метали. На ПМФ работи од 1969 г. Покрај основниот предмет Квантна механика, одржувал настава и по други предмети на ПМФ и на ТФ во Битола. Објавил повеќе универзитетски учебници („Квантна механика”, „Статистичка физика” и др.), монографијата „Инвестигатион оф хидден цроссинг ин слоњ атомиц цоллисионс инволвинг баре ионс”, со Е. А. Салавјов и збирки задачи. Публикувал околу 80 статии, повеќето од нив во странство, поврзани со ширењето на звукот во металите и анизотропните проводни структури, расејувањето и атомските судири, моделирањето на Рамановите и инфрацрвените спектри и други теми. Бил декан (1991–1995) на ПМФ. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 158; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 167. В. Ур. Иван Ивановски