ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ

ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ – наука што ги проучува штетите настанати од влијанието на некои абиотски, биотски и антропогени фактори врз шумските екосистеми и која изнаоѓа превентивни и репресивни мерки за нивна заштита и за елиминирање на штетните влијанија. Од абиотските фактори што предизвикуваат штетно влијание врз шумите во Република Македонијасе: екстремните температури (суша, доцни пролетни и рани есенски мразеви), дождови, снегови, лавини, град, ветрови, гром, додека од биотските фактори се: штетното влијание на коровите, паразитските цветници, лишаите, фитопатогените габи, фитофагните бактерии и вируси, штетните животни, домашната стока, дивите животни, штетните глодари, птици и инсекти и сл., како и неодговорното користење од човекот. Ст. Н.