ЗАХАРИЈ охридски архиепископ

ЗАХАРИЈ – охридски архиепископ (ок. 1486-1502), по смртта на архиепископот Николај. Се образувал на Света Гора, а потоа учителствувал во Нарда. Извесно време престојувал во Албанија, каде што пропагирал против Флорентинскиот собор, а бил гос-тин и на Скендербег. Исто така, престојувал и во охридскиот манастир „Св. Богородица”. Годините на неговото архиепископување се одредени според хронолошките спомнувања во Житието на цариградскиот патријарх Нифон Ⅱ (1486, 1489, 1497, 1498 и 1502). ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник” на Богословски факултет „Свети Климент Охридски”, кн. 8, Скопје, 2002, 67. С. Мл. Никос Захаријадис