ЗАКОН за забрана на македонскиот јазик во Егејскиот дел на Македонија

ЗАКОН за забрана на македонскиот јазик во Егејскиот дел на Македонија (септември 1936) – грчки закон за забрана да се зборува на македонски јазик не само во јавната комуникација и на јавни манифестации од секојдневниот живот (свадби, погреби и др.) туку и во семејството. За прекршувањето на забраната биле применувани сурови казни (плаќање на т.н. јазичен данок, плукање во уста и др.). По тој закон за зборување на мајчиниот македонски јазик во јавниот живот или во семејството биле осудени и интернирани по грчките острови близу 4.500 Македонци. ЛИТ.: С. Киселиновски, Статусот на македонскиот јазик во Македонија (1913– 1987), Скопје, 1987. Ст. Кис.