ЕВРИДИКА

ЕВРИДИКА – 1. Македонска кралица, жена на кралот Аминта Ⅲ (393/2–370/69 г. пр.н.е.); мајка на Филип Ⅱ; ќерка на Сира, владетел на горномакедонските области. 2. Жена на Птолемај Ⅰ Сотер (323– 283 г. пр.н.е.), ќерка на регент-намесникот на Македонија Антипатар и помлада сестра на кралот на Македонија, Касандар. ЛИТ.: Р. Илјовски, Кој и кога владеел со Македонија, Скопје, 2003. А. шук. Хеленскиот писател Еврипид