ДОГОВОР ВМРО КОСОВСКИ АЛБАНСКИ КОМИТЕТ

ДОГОВОР ВМРО – КОСОВСКИ АЛБАНСКИ КОМИТЕТ (1921) – договор за заедничко дејствување (20. Ⅻ 1921) потпишан со цел да се ослободи Македонија и да се изгради како самостојна држава во своите економски и географски граници, уредена како швајцарија; да се ослободи албанската провинција Косово и албанската област Чамурија и да им се обезбеди обединување со Албанија. Договорот го потпишале Александар Протогеров и Филип Атанасов (за бугарските комитети), а Реџеп Митровица и Бедри Пејани (за албанските комитети). ЛИТ.: Михајло Миноски, Договорот на ВМРО-автономистичка и Албанскиот Косовски комитет за политичка соработка и за разграничување помеѓу проектираните независни држави: Обединета Македонија и Голема Албанија, „Историја”, 1–2, Скопје, 1997. М. Мин.