ДИЊА

ДИЊА . (Цуцумис мело Л.) – едногодишно растение од фам. Цуцурбитацеа. Потекнува од Африка, кај нас пренесена преку Турција и Грција. Се одгледува заради зрелиот плод, кој содржи шеќери (10– 12%), минерални материи, витамини и органски киселини. Се одгледува на отворено и во заштитени простори на околу 2.500 ха, со вкупно производство од околу 30.000 т. Застапени се два типа сорти: адана (рани) и касаба (доцни). Д. Ј. 1