ДИЈАЛ

ДИЈАЛ (Дѕалос) – пајонско божество што е пандан на хеленскиот Дионис, според Хезихиј (Хесѕцхиус). Пајонците го почитувале како демон со хтонско значење и го претставувале „во хеленска интерпретација” на релјефи и на монетите на нивните владетели. Култот на ова епихорско божество е зачуван и во римско време, до Ⅱ в., што е потврдено со натпис од Килкис (Кукуш). о ЛИТ.: Л. Роберт, АНТАНОИ, РЕГ, ЏЛВИИ, Н 219, Парис, 1934, 32–33; Е. Воутирас, Миа неа мартѕриа гиа тоус Паионес, СГЛ фор фестсцрифт фор Ј. Цхадњицк, Тхессалоники, 1987, 167-173; В. Битракова–Грозданова, Прилог за религијата и уметноста во Пајонија, Религија и уметност во антиката во Македонија, Скопје, 1990, 148-183. В. Б.–Гр.