ДАСКАЛОВ, Јосиф

ДАСКАЛОВ, Јосиф (Кратовско, 1868 – 1909) – учител и деец на ТМОРО. Бил учител во Скопје и во Кратово. Гоце Делчев го вклучил во ТМОРО како раководител на Кратовскиот револуционерен реон. Во Виничката афера (1897) бил уапсен и по ѕверското мачење, ги излагал мачителите дека во Кратово има скриена архива на ТМОРО, па кога ноќе го довеле, го фатил кајмакамот за заедно да се фрлат од Радин Мост. Кајмакамот сепак се спасил, а тој удрил во карпата на дното, но преживеал (26. Ⅻ 1897). Подоцна бил амнестиран (1902) и се вратил, но егзархистите не му дозволиле да се вработи во Кратово, туку (по многу чекање) во Злетово. Бил отруен од врховистите (со отров во чаша вино) наДарпна – невестинска марама патрониот празник „Св. Кирил и Методиј”. ЛИТ.: Полноќна драма на Радиниот мост, „Нова Македонија”, ЏЏВИИ, 9237, Скопје, 8. Ⅹ 1972, 11; Ѓорѓи Трајковски, Преглед на спомениците и спомен-обележјата во СР Македонија (од периодот на преродбата до социјалистичката изградба), Скопје, 1986, 20. С. Мл. Драган Даутовски