ГУДЕСКИ, Атанас

ГУДЕСКИ, Атанас (с. Кривогаштани, Прилепско, 2. Ⅰ 1931) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа биологија и за предметот ботаника. Завршил (1956) Филозофски факултет (Група за биологија). Избран за асистент на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1958), а од 1979 г. станува редовен професор на шумарскиот факултет. Докторирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1974). Објавил повеќе научни и стручни трудови во домашни и во странски списанија, учествувал на бројни симпозиуми. Ал. Анд.