ГРИЗО, Наум

ГРИЗО, Наум (Скопје, ? 1939) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во родниот град, каГригоровичев паримејник: заставки и иницијали Наум Гризо де што дипломирал (1965) и докторирал на Правниот факултет, на тема „Развој и облици на научната мисла за организациите“ (1975). На истиот факултет е избран за асистент (1971), а потоа и за редовен професор (1985) по управно право и јавна управа. Има објавено поголем број научни трудови за управното и споредбеното право и од областа на воените науки. Се занимава и со преведувачка дејност на правна и на политиколошка литература од повеќе јазици. БИБ.: Наум Гризо, Основни поими за науката за управата, Скопје, 1981.ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш. ГРИПА (ГРЕОР, ЗЕЛЕНИКА)