ГОПЧЕВИЌ, Спиридон

ГОПЧЕВИЌ, Спиридон (Трст, 1855 – Виена, 1936) – српски бродосопственик, етнограф, историчар, патописец и публицист. Како доброволец бил учесник во Херцеговското востание (1875) и во Црногорско-турската војна (1876), а потоа стапил во српска дипломатска служба како аташе во Берлин (1886-1887) и во Виена (1887-1890). Автор е на повеќе публицистички дела од современата балканска историја, се занимавал со астрономија (од 1893), пишувал романи, драми, новели и песни. Како историчар и публицист, објавил голем број дела на германски јазик, но поради недостигот на соодветно стручно образование, нема критички метод во истражувањето и тие биле сфаќани како израз на големосрпската пропаганда. Во недостиг на други изворни материјали, неговите книги на времето биле користени како историски извор и за етнографијата на Македонија. БИБ.: Македониен унд Ауст-Сербиен, Њиен, 1889; Македонија. Етнографски односи Македоније и Старе Србије, Београд, 1889; Македонија и Стара Србија, Београд, 1890; Истина о Македонији, Београд, 1890; Албанија и њена лига, Нови Сад, 1893. С. Мл. Кирило-Методиевиот ученик Горазд, фреска од Сливничкиот манастир (1606/07)