ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КОЊУХ, КРАТОВСКО

ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КОЊУХ, КРАТОВСКО – остатоци од голем антички град, претпоставената крајпатна станица Транупара, забележена на ТП, на левиот брег на Крива Река, северно од с. Коњух. Оформувањето и развојот на градот се должеле на особено значајната крстосница на старите патишта што воделе од Скупи (Скопје) кон Сердика (Софија) и од Стоби, преку Астибо (©тип) и Коњух, кон Софија. Градот се состоел од три дела: висока карпеста акропола (320 х 60 Големо Градиште, Коњух, Кратовско м, 1,5 ха), долго јужно предградие со заштитен предѕид (560 х 170 м) и самиот град, распослан на широката северна тераса и природно ограничен со Крива Река (од три страни) и со високата акропола од југ (280/370 х 250 м). Вкупната површина изнесува приближно 17 ха. На акрополата се регистрирани повеќе десетици целосни или делумно оформени простории во карпите, една централна просторија и мрежа од продолжни и попречни улици. Западно под акрополата се регистрирани остатоци од стар мост со два лака, наменет за премин преку Крива Река. Северозападно, на десниот брег од реката, на ридот К’шла, се наоѓаат остатоци од голема некропола од раноцарското време до доцната антика. На стелите се спомнуваат имињата на Памфор, Сабин Антиј Кентурион на кохортата И Евпора и Фортуната. Еден јонски капител од Ⅲ в. во н.е. потекнува најверојатно од еден хероон од некрополата. На истото место се ископани остатоци од една трикорабна ранохристијанска базилика. Документирани се и камени архитектонски делови од градска базилика, која имала централна местоположба во градот. На 200 м јужно од градот се откопани остатоците на црква од Ⅵ в. Однадвор правоаголна, однатре ротондална со триделен западен дел, со влез во вид на трибелон, презвитериум и со полукружна апсида, однадвор правоаголна, со димензии 23 м (со апсидата) х 17,7 м (западно) / 14,7 м (источно, без источните аголни контрафори). Црквата поседува богато декорирана камена пластика од трите трибелонски со менои оформен централен амбулаторијален дел, олтарната преграда и амвонот, а натписот ДОМАТРИРС на еден од импостите посочува на мартириумскиот карактер на објектот. Големото Пелистерско Езеро ЛИТ.: С. РадојчиÊ, Црква у Коњуху, Зборник радова Византолошког института, САН, књ. 1, Београд, 1952, 148-167; Б. Јосифовска, Д.Б., Инсцриптионс де ла Месие Супериеуре, Ⅵ, Сцупи ет ла регион де Куманово, Београд, 1982, 177-180; В. Лилчиќ, Размислувања околу убикацијата на Транупара, „Културно наследство”, 17-18, 1990-91, Скопје, 1994, 33-47. В. Л.